На 10.09.2018 година, во просториите на административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј приреди прием на група ученици од Гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид, предводени од професорите Соња Думбалоска и Афродита Петровска. На средбата, учениците имаа можност да се запознаат со Митрополитот Тимотеј, но и да му постават прашања поврзани со дејноста и животот на црквата. Истовремено, тие и го запознаа со условите во нивното училиште. Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина, за нашите идни генерации да можат подобро да се запознаат со Црквата и нејзиното функционирање.

Authentic Nike Sneakers | Nike Dunk Low Disrupt Pale Ivory - Grailify
Повеќе...

„Пасен од Господа, се покажа како Негово кротко јагне, победувајќи ги, блажени, непријателските волци и, кога го заврши твојот подвиг, преподобен отче, се всели во небесното трло. Христа Бога прилежно моли Го, да ни дарува милост голема“ (седален на преп. Пимен Велики).

 

На 09.09.2018 година, во Петнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на преп. Пимен Велики и на св. мч. Фануриј, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Томе Младеновски, свештеникот Игор Младеновски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | Women's Nike Superrep
Повеќе...

На 08.09.2018 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, ги прими учесниците на научниот собир „Традицијата во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа (право, економија, природни науки, уметност, литература, јазик)“, организиран од страна на Македонскиот национален комитет за проучување на Југоисточна Европа при Македонската академија на науките и уметностите. Учесниците ги предводеше академик д-р Таки Фити, претседател на МАНУ. Најпрво кон високо почитуваните гости се обрати Митрополитот Тимотеј, кој накратко го објасни историскиот од на манастирот, како едно од нашите најголеми светилишта. По краткиот, но пријатен разговор,  академикот Таки Фити се заблагодари од свое лично, но и од името на учесниците на научниот собир, истакнувајќи дека МАНУ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија отсекогаш имале добри релации и взаемна соработка. 

Nike Sneakers Store | Nike for Men
Повеќе...

„Преблажени отче Јоакиме, сјаејќи како ангел со јасниот живот, уште од младоста си станал сад пречесен, издигнувајќи се повисоко од човечкиот живот, богомудри, постојано овенчувајќи ја душата со добродетели“ (песна од канонот на Утрена на преподобен Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2018 година, на празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на денот кога го празнуваме споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

url clone | adidas
Повеќе...

„Мноштвото апостоли, на Сион собрани, со свои зборови го придружуваа божествениот и свет ковчег, викајќи: Каде одиш сега, Скинијо на живиот Бог? Не престанувај да бдееш над оние што пеат со вера: Ние, избавените, Го воспеваме единствениот Создател, и Го превозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

Празникот на сесветото преселување на Скинијата на Животот, Мајката Божја, беше свечено и торжествено прославен и оваа година, а централната прослава во нашата епархија беше во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид. Празнувањата започнаа во вечерните часови на 27 август, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Веечрната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица. Потоа се изврши и литија со плаштаницата околу светиот храм.

latest jordans | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
Повеќе...
Страница 125 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5