На 12.02.2019 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија Охрид, беше одржана редовна седница на Епархискиот управен одбор на ДКЕ Охрид, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На седницата беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2018 година, а беше одобрен и Предлог-буџетот на Епархијата за 2019 година. На истата беа разгледани и повеќе пристигнати акти и писма, а се разговараше и за повеќе тековни работи, како и планови за тековната 2019 година. На седницата, присуствуваа сите членови, во состав:

  • архимандрит Нектариј (Најдоски) - Охрид
  • протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески - Охрид
  • протоереј Васко Голабоски - Струга
  • Д-р Светослав Маџаров - Охрид
  • Д-р Сашо Цветковски - Струга
  • Г-дин Владимир Толески - Кичево и
  • протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на седницата.
Nike footwear | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD
Повеќе...

„Твоите нозе, себлажен апостоле, пророчки се украсија, зашто си го благовестил мирот којшто секаков ум надминува - Спасителот на сите и Господа, Кој го разруши древното непријателство меѓу луѓето“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).

 

На 04.02.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиец, а по повод именденот на нашиот архиереј и духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј му подели нафора на присутниот верен народ.

Buy Sneakers | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Дојдете сите народи, дознајте ја силата на страшната тајна, зашто Христос, нашиот Спасител - Словото, Кое беше во почетокот, заради нас се распна и доброволно се погреба, и од мртвите воскресна, за да ја спаси вселената. Нему да Му се поклониме“ (воскресна хвалитна стихира, глас 3-ти, во Недела на Утрена).

 

На 03.02.2019 година, во Триесет и шестата недела по Педесетница и на празникот на преп. Максим Исповедник и преп. мч. Неофит Никејски, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Битола, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски, протоереите Златко Костовски и Кирил Трајковски, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиесвки и ѓаконот Ѓорѓи Делев. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sport media | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
Повеќе...

„Верни, со песни денес да го прославиме сепразничниот спомен на Атанасија и Кирила, зашто во бездната на погибелта тие го фрлија измамникот Арија, заедно со Евномија и Савелија, и ги предадоа да горат во вечниот оган, зашто тие неправедно похулија на Спасителовото воплотување. Затоа те воспеваме, Атанасие“ (икос на Утрена на св. Атанасиј и Кирил Александриски).

 

На 31.01.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светите Атанасиј и Кирил Александриски, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sportswear Design | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!
Повеќе...

„Озарен со светлините на натприродната добродетел, и таинствено воден од небесата, ти дојде на јорданските води, Претечо, крштавајќи ги и очистувајќи ги со вода оние што пристапуваат кон тебе со вера душевна“ (песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител).

 

На 20.01.2019 година, на празникот на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован и во Неделата по Светото Богојавление, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Best jordan Sneakers | Archives des Sneakers
Повеќе...
Страница 117 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5