„Озарен со светлините на натприродната добродетел, и таинствено воден од небесата, ти дојде на јорданските води, Претечо, крштавајќи ги и очистувајќи ги со вода оние што пристапуваат кон тебе со вера душевна“ (песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител).

 

На 20.01.2019 година, на празникот на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован и во Неделата по Светото Богојавление, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Best jordan Sneakers | Archives des Sneakers

 

Митрополит Тимотеј

Драги браќа и сестри,

На вчерашен ден, го прославивме празникот Богојавление, а денеска го прославуваме првиот сведок, кој Го видел Бога во тело. Каква чест, каков дар и милост од Бога. Сето тоа ни го кажува денешното Евангелие.


Првиот човек кој Го видел Исуса, како човек, и Го видел Бога во тело, е Јован Крстител. Тој е прв, кој во видливиот човек, Го видел невидливиот Бог. Но, не само тоа, туку видел сè што донесува Бог на овој свет. Доаѓајќи од небото и станувајќи човек, донесува од најмал до најголем дар на луѓето. Тој го видел целиот подвиг на Господа Исуса Христа, од Неговото раѓање во пештера, во Витлеем, па се до Неговото распнување и погребение. Го видел и Неговото Воскресение. Неговото Вознесение на небото. Доаѓањето на Светиот Дух врз апостолите и сè што Господ Исус Христос направил за човечкиот род.


Свети Јован ја видел целата Црква Божја во Христа, Кој телесно стоел пред него. Ги видел сите векови во иднина и сè што донесува црквата Христова. Сите благодети, сите чуда и сите радости. Точно така, Свети Јован ги видел сите тие нешта како утеха, бидејќи зад него стоел целокупниот човечки род, потопен во море од гревови. Во морето на смртта и во морето на лукавиот, човечкиот род не можел да го утеши никој од овој свет. Но, нему Бог, му дава тешка и страшна задача: Да го претстави целиот род човеки, пред Господа Исуса Христа. Свети Јован, како да Му вели на Господа: Еве ти гледаш, и какви сме и кои сме. Сите сме гревовни и робови на гревот. Обраќајќи се, пак, кон народот, свети Јован, вели: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе." (Јован 1, 29).


Можеби некој ќе си го постави прашањето: Од каде свети Јован Претеча можел да согледа што се ќе направи Господ? Претечата зборувал за Господа уште пред да се крсти Господ Исус Христос, и пред да ја започне Неговата проповед; пред да започне да го поучува светот и пред да ги разберат Евангелијата. Така, Претечата ја објавува оваа блага вест. На истово прашање, самиот свети Јован, ни дава одговор во денешново Евангелие. „Јас не Го познав, но Оној, што ме испрати да крштевам со вода, ми рече: Врз кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштева со Дух Свети. И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји." (Јован 1, 33-34). Правдата Христова, Неговото човекољубие и спасението на родот човечки, ја осигуруваат победата над смртта и дарот за вечниот живот.


За свети Јован, пак, Господ Исус Христос, вели: „Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител; но најмалиот во царството небесно е поголем од него." (Матеј 11, 11). Овие зборови толку го смириле пред Господа Христа, па самиот свети Јован ни зборува на сите: „Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови" (Јован 1, 23).


„Јас ве крштевам за покајание со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене... Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган." (Мат 3. 11).


Свети Јован ги повикува луѓето да се покаат за своите гревови, а Христос ги зема на Себе, гревовите на светот. Свети Јован крштева за покајание, а Христос за спасение. Како што самиот свети Јован вели: „Он треба да расте, а јас да се смалувам!" (Јован 3, 30).


Поради тоа, свети Јован Претеча и Крстител Господов, се прославува толку пати во годината. Секој вторник, според црковниот богослужбен поредок, е посветен на свети Јован Претеча. Неговата икона, ја наоѓаме на секој иконостас, и тоа веднаш до иконата на Господа Исуса Христа. Та и ние денеска, кои го чествуваме неговиот спомен, како Собор на свети Јован Крстител, да се обратиме со искрена молитва кон него. Тој да биде наш молитвен покровител. Да ни ја засили верата православна, па и ние, како верни слуги на нашата света Црква, да бидеме преобразени како луѓе. Да отфрлиме од нашите срца и души секаква злоба, пакост, завидливост и сите останати пороци. Да ги подготвиме нашите срца и души, во нив да се всели мирот и благодатта Божја, па да одиме по вистинскиот Христов пат. Да наследиме царство Божјо и блажен и вечен живот, сега, и во сета вечност. Амин!

 

Собор на свети Јован Крстител
20. 01. 2019 год.
ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

svjovan2019 1svjovan2019 2svjovan2019 3svjovan2019 4svjovan2019 5svjovan2019 6svjovan2019 7svjovan2019 8svjovan2019 9

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5