„Отче Јоакиме, ти им го отвори патот на испосниците кон небесата благоверно, постојано издигнувајќи се со умот кон небесата, вознесувајќи се на висината, како огнен столб осветлувајќи ги облаците со благодатта“ (песна од канонот на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2019 година, на денот кога го празнуваме празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преп. Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач. 

buy footwear | Nike Air Max
Повеќе...

„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној Кој се всели во нејзината вечно девствена утроба“ (кондак на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

 

На 28.08.2019 година, денот кога го прославуваме празникот Успение на Пресвета Богородица, која како храм на Животот, вечен живот прими и не го претрпе искушението на смртта, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа беше осветена и новата фијала (крстилница за вода) во дворот на храмот. На крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Best Sneakers | Women's Nike Superrep
Повеќе...

„Станете, мрзливи, кои секогаш лежите на земјата, кренете се и издигнете се кон висините на Божјото вознесување; заедно со Петра и синовите Зеведееви да се искачиме на Таворската Гора, славата на нашиот Бог со нив да ја видиме, да го слушнеме гласот што тие го слушнаа од небото, и на светот му ја проповедаа Светлината на Отецот“ (икос на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).

 

На 19.08.2019 година, на денот на славното Преображение Христово, во манастирот „Свето Преображение“ во с. Зрзе, Прилеп, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиески. По завршувањето на Литургијата беше осветен новиот лозов плод и беше осветено коливото. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running sneakers | Air Jordan
Повеќе...

„Православен пастиру, на верните тврдино и заштитнику, украсу на Црквата, на заблудените светлина си, Клименте, секогаш за нас моли се, кои преносот на моштите твои го славиме и со вера пееме да се спасат душите наши“ (тропар на Пренос на моштите на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

На 11.08.2019 година, во Осмата недела по Педесетница и на празникот Пренос на моштите на св. Климент Охридски Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Св. Јован Претча и Крстител“ во с. Пискупштина, Струга. Храмот е изграден врз темели од стар храм, којшто се наоѓал во одамна запаленото село Бигор. Храмот започнал да се гради во 1990 година, а по иницијатива на црковниот одбор од с. Пискупштина. Истиот е изграден со заложбите и донациите на локалното население, како и на сите добронамерни верници од пошироката околина. По осветувањето на храмот, во него беше отслужена и првата света Литургија. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sports brands | Patike
Повеќе...

„Клименте славни, твоите добри нозе ги насочи по патот Божји, затоа од заблуда народие ги упати во вистинската вера, избавувајќи ги од прелеста на лажливата земја“ (песна од Канонот на Утрена на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

Торжествата по повод празникот на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2019 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ефтим Бетински, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополито Пимен се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Sports News | NIKE HOMME
Повеќе...
Страница 106 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5