„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на душите наши“ (седален на Утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2019 година, на празникот на Преподобниот отец наш Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Оливер Новески и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106
Повеќе...

„На смирението твое Константине, во неправедното страдање, сечесен, се восхитуваме и Христа Го славиме, зашто во маките те покажа возвишен како првосвештеник кој себе се принесе, затоа велегласно пееме: Радувај се, пастиру охридски“ (седален на Утрена на св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на св. апостол и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила Архиепископ Охридски, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноаначслтвуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Оливер Новески. Овој ден и оваа Литургија ќе остане засекогаш запаметена за ѓаконот Оливер, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин. Од името на Митрополитот Тимотеј, како и од име на свештенството, монаштвото и сиот верен народ од нашата Епархија, му го честитаме свештеничкиот чин на отец Оливер, со желби за успешна пастирска мисија, та водејќи го своето доверено стадо на вистинскиот пат, да го оправда својот позив и да застане десната страна на нашиот Спасител. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон клирот и верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Nike
Повеќе...

„Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса“ (кондак на Утрена на преп. Параскева - света Петка).

 

На 27.10.2019 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на преподобната Параскева - св. Петка, во храмот „Св. Петка“ во Дебар, беше извршено преосветување на светиот Престол, а потоа веднаш беше отслужена и света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на еромонасите Доситеј и Ефросиниј, свештеникот Миле Ангелоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

best shoes | NIKE
Повеќе...

Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на големиот зограф Димитрија Дичо Зограф од Тресонче, кој со својот опус и со својата продуктивност се издигнува во средишна фигура на уметноста во Преродбата. Како еден од највлијателните зографи на XIX век на Балканот, како и со опус од приближно две илјади икони и десетина фрескоансамбли, Дичо заслужува да биде величан и славен како оригинален автор со автентична уметничка креативност. По повод големиот јубилеј од неговото раѓање, во организација на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ, овие денови, во периодот од 16 до 18 октомври, беше организирано свечено одбележување, кое во просториите на МАНУ започна со изложба на неколку Дичови импозантни дела, а потоа продолжи со научен симпозиум, на којшто учество зедоа повеќе еминентни научници од земјава и странство. Свеченото одбележување заврши со парастос во храмот „Св. Петар и Павле“ во родното село на Дичо - Тресонче, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски и ероѓаконот Анатолиј. На Парастосот присуствуваа и учесниците на Симпозиумот, кои потоа го посетија манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, како и манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“.

best shoes | Nike News
Повеќе...

„Соломон некогаш те опиша како постела и одаја на Царот небесен, придружувана од серафимите, како што беше речено за тебе, Богородице. Затоа сега те молиме, сесвета Мајко Божја: Заштити нѐ од сите неволји“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2019 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата во Митрополитската резиденција, којашто е посветена на овој празник, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running Sneakers | Nike
Повеќе...
Страница 102 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5