„Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса“ (кондак на Утрена на преп. Параскева - света Петка).

 

На 27.10.2019 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на преподобната Параскева - св. Петка, во храмот „Св. Петка“ во Дебар, беше извршено преосветување на светиот Престол, а потоа веднаш беше отслужена и света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на еромонасите Доситеј и Ефросиниј, свештеникот Миле Ангелоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

best shoes | NIKE

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Секој човек во својот живот постојано сака, бара и очекува нешто, независно од тоа колку има. Сите тие желби, барања и очекувања имаат една цел: да се најде и обезбеди среќа во животот и да се постигне удобен и комфорен живот. Кога го спомнуваме зборот „среќа", се поставува прашањето: што е тоа среќа? Постојат многу и различни погледи на ова прашање. Едни наоѓаат задоволство и среќа во храна, други во пиење, трети во убава облека, некои во гламур и пари, некои во положба и чест, некои во знаење и наука, некои во спорт, музика и сл. Но, вистинска и трајна среќа не наоѓаат ниту првите, ниту последните. Ова категорично ни го потврдува, како нашето, така и животното искуство на другите луѓе.


Премудриот Соломон во својот живот имал можности да доживее задоволство и во богати трпези, со разни пијалаци, со своето големо богатство, со голема власт и чест, но не наоѓајќи ја бараната и очекуваната среќа, вистинското и трајното задоволство, овој голем мудрец кажал една голема вистина: „Ги видов сите работи што се вршат под сонцето и ете – сѐ е суета и мака за духот". (Проп. 1, 14) Секој човек од својот личен живот знае дека една остварена желба раѓа друга, а оваа, пак, трета и така сѐ до недоглед. Постојано се раѓаат нови желби, иако можеби старите не се остварени и на тој начин сѐ повеќе и повеќе ја оптоваруваме со грижи својата душа. Никогаш нема да се постигне таква духовна состојба, човекот да биде мирен и спокоен за да може да рече: сѐ сум остварил и повеќе ништо не ми е потребно. Човекот е психофизичко битие. Има привремено земно тело и бесмртна вечна душа. Телото има потреба од материјална храна, но душата не се задоволува со таа храна, туку бара посебна душевна храна. Затоа човек, иако има во изобилие разновидна храна, облека и богатство, чест и власт, положба и знаење и стручност во својот позив, најчесто е незадоволен со тоа што има и со тоа што е. Телото е презадоволно, а душата е пуста и празна.


Нашиот Спасител Господ Исус Христос советува: „Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, а сѐ ова ќе ви се придодаде". (Мт. 6, 33) Рековме дека душата е од Бога и дека е вечна, а телото е од земја, преодно, од прав постанало и во прав се враќа. Затоа и во службата на Опелото, обраќајќи се кон покојникот велиме: земја си и во земја ќе се вратиш. Затоа духовното е вечно, а телесното преодно. Духовното е повредно од телесното, а и душата од телото. Затоа и храната за душата е повредна отколку храната за телото. Затоа Господ Христос советува: „Немој да се грижите што ќе јадете и пиете или во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната и телото од облеката?" (Мт. 6, 25) Господ Христос не нѐ поучува да не се грижиме за своето тело, туку да не ја запоставуваме душата. Ние знаеме дека телото е дом или храм на душата.


Ние денес ја прославуваме света преподобна Параскева-Петка Епиватска. Преку нејзиниот подвижнички живот треба да се поучиме како таа со пост и молитва и подвижништво се уподобила на Бога, грижејќи се за нејзината душа, а не за нејзиното тело. Затоа и Бог ја прославил со нетленост, па и нејзините свети мошти кои и денес почиваат во катедралата во Јаш во Романија, прават многу чуда, лекувајќи секакви болести и маки на секого кој со вера и надеж ѝ се обраќа за помош. И ние како верници, да се обратиме за помош кај света Петка и таа да ни го покаже патот на духовниот живот, па и ние да најдеме среќа во вистински христијански чесен и праведен живот и така да спечалиме спасение на нашата душа, сега и во сета вечност. Амин.


Преп. Параскева - Петковден
Храм „Св. Петка" Дебар
27.10.2019 год.

 

petkovden2019petkovden2019 1petkovden2019 2petkovden2019 3petkovden2019 4petkovden2019 5petkovden2019 6petkovden2019 7petkovden2019 8petkovden2019 9petkovden2019 10 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5