„Богоносен и префален Вартоломее, навистина се покажа како разгорен јаглен од Светиот Дух, изгорувајќи го сеното на прелеста, и просветлувајќи ги срцата на оние кои те воспеваат со вера“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Вартоломеј и Варнава).
На 24.06.2020 година, на празникот на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје, општина Дебарца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2018 година, а ктитор на храмот е д-р Бошко Ставрески со семејството. Иконостасот е дело на Гоце и Филип Крстевски од Битола, а фрескоживописот и иконите се дело на Марјанчо Ристески од Охрид. По осветувањето на храмот се отслужи и првата Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
best Running shoes brand | Nike Off-White





