Божествената Евхаристија (Литургија) е центар на животот на Црквата. Но, не само центар на Црквата и животот, туку таа е и самото битие на Црквата. Токму затоа и светито Никола Кавасила ќе каже: „Ако некој сака да согледа што е Црква, тогаш не му преостанува ништо друго, освен да погледне на Телото Господово во светата Евхаристија“. Ова тврдење денес може да ни звучи и преувеличено, но ова било сознанието за Црквата уште од св. ап. Павле, сознание и опит што, за жал, сме го изгубиле во последните неколку векови. Токму поради ова, своето централно место во Црквата го задобива претстојателот на евхаристиското собрание, а главата на тоа собрание е токму епископот. Затоа и св. ап. Павле вели дека оној кој сака епископство, добра работа сака (1. Тим., 3,1). Продолжувајќи понатаму, св. ап. Павле ги набројува и добродетелите со коишто епископот треба да биде украсен, зашто, како што вели св. Јован Златоуст: Сите треба да гледаат во епископот и според неговиот живот да го уредуваат и својот живот. Затоа и центарот на епископската служба е, всушност, иконизирање на Господ наш Исус Христос, Кој е Единствениот совршен и вистински Првосвештеник, Кој принесува и Кој се принесува. Или, едноставно кажано, епископот е икона на Првосвештеникот Христос. Затоа и св. Атанасиј вели: Без епископот, како претстојател на Евхаристијата, не можеме да зборуваме ниту за Црква, ниту за спасение во Христа. Зашто, како што Христос се огледа во Отецот, така исто и епископот, кој е икона Христова, може да каже дека извршува Христово дело, ако биде во целост огледало или икона Христова.
Sportswear free shipping | Nike for MenНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
РОЖДЕСТВО НА СВ. ЈОВАН ПРЕТЕЧА - ИВАНДЕН
„Целото создание божествено се радува поради твоето раѓање, зашто ти, Претечо, како земен ангел и небесен човек се покажа, навестувајќи ни го воплотувањето на Небесниот Бог“ (песна од Канонот на Утрена на Рождество на св. Јован Претеча).
На 07.07.2020 година, денот кога го прославуваме Рождеството на чесниот, славен пророк, Претеча и Крстител Јован - Иванден, во ман. „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил и ероѓаконите Порфириј, Силуан и Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено празничното коливо, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.
best Running shoes brand | NikeПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ
„Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние кои те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме“ (кондак на Утрена на преп. Наум Охридски).
На 03.07.2020 година, во ман. „Св. Наум Охридски“, торжествено продолжи прославата на Охридскиот светија, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошкко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.
Nike sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА НА ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ
„Откако ја прими благодатта на премудроста од Бога, Науме пречесни, и мноштвото мизијско го научи на благочестието, ти си темел и тврдина на православието, и украс на сите преподобни и испосници. Имајќи смелост пред Бога, Моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Господи повикава на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец).
На 02.07.2020 година, во навечерието на празникот на преп. Наум Охридски Чудотворец, во манастирот во кој преподобниот го изградил и се подвизувал, започна торжествено да се прославува великиот Црноризец, кој не им даваше дремка на своите очи, постојано молејќи се пред Бога за сите луѓе. Затоа и Бог го обдарил со благодат за исцеленија и никој од оние кои доаѓале кај него со вера да побараат помош не се вратил без лек - телесен и душевен. Затоа и култот на преп. Наум е нашироко распространет, како во Македонија, така и многу пошироко. Прославата на преп. Наум започна со свечена Вечерна ногослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Buy Sneakers | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screenСООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ
Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Дебарско-кичевската епархија. Во очекување на големиот празник на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, Ви го испраќаме следното Соопштение:
jordan Sneakers | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers





