На 22.07.2021 година, се упокои во Господа архимандритот Методиј (Петров), долгогодишен служител и подвижник во Валаамскиот манастир во Русија. Архимандритот Методиј е Македонец, кој својот монашки пат го запоочнува во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а преку Света Гора заминува во Русија. Во Русија најпрво се подвизува во Троицко-Сергиевата Лавра, за потоа заедно со Епископот Панкратиј да заминат во манастирот Валаам, каде што отец Методиј служеше повеќе од 25 години. Архимандритот Методиј е познат како човек со големо срце, човек кој беше пријател и со најмалите, но и со највлијателните. Тој е човек, чија животна девиза беше: Човек е многу среќен ако може да исполни нечија прозба“. Со иста таква љубов, отец Методиј беше и наш пријател, личен пријател на нашиот Митрополит и на сите нас. По повод неговото упокојување, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралискос-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, отслужи краток помен за прошка на гревовите на упопкоениот Архимандрит Методиј и ја помоли Божјата Мајка таа да биде негова застапничка пред Престолот на Севишниот Бог. Бог да му ги прости сите волни и неволни согрешенија и да ја насели неговата душа во живеалиштето на праведниците. 

 

pomenmetodij2021 1pomenmetodij2021 2pomenmetodij2021 3

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5