„Нека кажат Јудеите како војниците Го погубија Царот што Го чуваа, и зошто каменот не Го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (воскресна хвалитна стихира на Утрена во Понеделник од светла седмица). 

 

На 03.05.2021 година, во Понеделникот од Светлата седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Михајлоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Asics shoes | 『アディダス』に分類された記事一覧

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.


Христос воскресе!


Драги браќа и сестри,


Со овие зборови ја сведочиме нашата длабока вера. За овие две илјади години кои ги преживеала Црквата Христова на тешкиот историски пат не била изгубена најважната работа што може да ја запази срцевината на духовниот живот на човечкиот род. Тоа е убедувањето дека Синот Божји е и Син Човечки, Кој дојде во овој свет, пострада и умре за нас и воскресна со силата Божја и нѐ совоскресна со Себе.


Самото тоа да се сочува ваквата вера е чудо. Многу добро ни е познато што сѐ се случило во текот на овие две илјади години. Дошло до такви промени што светот не може да се препознае во секоја нова епоха. Една империја се сменува со друга, една култура ја разрушила претходната, се менувале филозофските погледи, убедувања, општествени пристрасности и идеологии, луѓето војувале уништувајќи се едни со други и што ли уште не. Може да се каже дека од некои епохи практично ништо не се сочувало, освен неколку споменици и гробници, а сѐ друго е разнесено како прав по земјата. Но, верата дека во третиот ден по смртта нашиот Господ Исус Христос воскреснал е невозможно да се уништи со никакви потреси и сурови гонења, кои во голема мера се одразувале на целиот свет.


За тоа постои само едно објаснување. Верата не е измислица и лага. Таа не е само емоционално чувство и не е само убедување. Верата е жива врска на човекот со Бога. Имено, преку верата, божествената сила се допира до човекот и ја облагородува неговата душа, ги зацврстува неговите физички сили и му дава мудрост и храброст и да го сочува она што човечкиот род го научил од нашиот Господ Исус Христос. Неговиот живот бил исполнет со големи маки и страдања. И не само последната недела пред воскресението, туку целиот живот, уште од раѓањето. Тој ги гледал луѓето кои ги потценувале Неговите зборови, иако тие носеле огромна духовна сила, способна да го преобрази светот. Тие Негови зборови не биле усвојувани од сите. Он видел сомнеж кај Своите ученици, кои иако се јавиле како сведоци на бројните чуда и зборови, продолжиле да размислуваат како обични рибари. Тие останувале приврзани за човечките претстави за овој живот. Така, размислувале кој меѓу нив треба да биде прв, како тоа да е најважно. Тој гледал дека тие немале сила да ги вршат Неговите чуда. Неспорно дека Неговото срце се исполнило со жалост, гледајќи дека Неговата проповед не предизвикува промена кај луѓето. И на крај, како најголем кошмар дошла страдалната седмица, предавството од блискиот ученик, приведувањето, сослушувањето, исмевањето, мачењето и срамната смрт на крстот.


Оној Кој на светот му донесе голема слава и му ја предаде Божјата мудрост и Кој сето тоа го поткрепил со чуда, бил убиен пред толпата која ликувала, барајќи ја Неговата смрт. Што може да се спореди со оваа бездна на страдања во која се нашол Спасителот? Нема ништо слично во овој свет и во животот на луѓето што може да се спореди со страдањата на Спасителот.


Господ воскреснал и со Своето воскресение ја утврдил победата, потврдувајќи ги Своите дела и зборови. Тој ги испратил апостолите на служба, испраќајќи им го дарот од Светиот Дух. Така од прости рибари станале вдахновени проповедници и сведоци на воскресението. Христовото воскресение отвора нова страница во човековата историја. Таа историја не е времена, туку вечна и во неа нема крај бидејќи ја допира вечноста. Сите ние кои живееме по воскресението, постануваме заедничари во овој настан со поинакво битие, пред кое се отвораат вратите на вечниот живот.


Ете зошто срцата се исполниле со радост. Можеби не сите размислуваат за тоа за кое ние во овој момент размислуваме. Но, срцата на сите луѓе, на мудрите и простите, чувствуваат радост поради ова воскресно торжество. Токму таа велигденска радост ни се дава нам на грешните луѓе и на тој начин постануваме сведоци на спасителната сила на воскресението. Сето тоа што се случило со нашиот Спасител се јавува како пример и поука за нас. Затоа и ние, кога се среќаваме со страдања и искушенија, должни сме да паметиме дека и низ нив треба да поминеме достоинствено и на тој начин ќе ја добиеме победата, односно воскресението.


Христос Воскресе!


Втор ден Велигден
Храм „Св. вмч. Ѓорѓи" Струга
03.05.2021 год.

 

vtordenveligd2021 1vtordenveligd2021 2vtordenveligd2021 3vtordenveligd2021 4vtordenveligd2021 5vtordenveligd2021 6vtordenveligd2021 7vtordenveligd2021 8vtordenveligd2021 9vtordenveligd2021 10vtordenveligd2021 11vtordenveligd2021 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5