„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасителот на душите наѓи, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светата и велика Недела на Пасха).
На 02.05.2021 година, Во Светата и велика Недела на Пасха, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“, беше отслужена Вечерна богослужба - традиционалното Второ Христово Воскресение, на која беше прочитано дел од Евангелието според Јован (20, 19-25) на повеќе јазици. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Ромео Петрески, Ѓорѓи Блажески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Михајлоски.
bridge media | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ





