„Денес Христос оди во домот фарисеев и жена грешница пристапува и паѓа пред нозете Негови, викајќи: Погледни ме мене, потопената во гревови, падната во очајание порљади моите дела; не отфрлај ме, поради Твојата добрина, и дај ми, Господи, прошка на гревовите и спаси ме“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Велика среда).

 

На 28.04.2021 година, на Велика среда, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на којашто чиноначалсњтвуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Павел Крцоски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Михајлоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Sports brands | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


На денешен ден си спомнуваме за еден настан кој е од суштествено значење за секој христијанин. Овој настан ја поставува разликата помеѓу човекот кој верува и човекот кој нема никакво знаење за Бога, ниту врска со Него. Тоа што се случило во домот на Симон Прокажениот е опишано во Евангелието според Матеј (26, 6-16), кое раскажува како жената грешница го излила мирото врз главата на Спасителот. Оваа постапка предизвикала злоба и завист во душата на Јуда и токму ова може многу да нѐ поучи и нас денес. Имено, жената дала сѐ што имала за да го купи овој скапоцен мирис, со кој во древноста се помазувале цареви и кралеви. Станувало збор за мирис со огромна материјална цена. Грешницата го излила овој мирис на главата на Спасителот и преку ова миро, таа дала на Господа сѐ што имала.


Овде не може да се каже дека таа тоа го направила водена од некоја длабока идеја или поради својот поглед на светот. Но, нејзината постапка, ни покажува дека нејзиниот грешен живот се менува кон праведен, токму преку оваа постапка. Во центарот на овој настан и овој лик е готовноста и способноста на човекот да жртвува сѐ што има и да го посвети на Бога, без да зачува нешто за себе.
„Колку е безумна оваа постапка!" – велат луѓето кои не Го познаваат и не Го признаваат Бога. Јуда кој бил постојано со Спасителот и бил еден од Неговите ученици, и самиот бил должен да проникне во таквиот живот. Тој знаел за претстојните страдања на Господа Исуса Христа, бидејќи Господ повеќепати зборувал дека Му претстои да пострада и да умре на крстот. Јуда не можел да ги разбере овие зборови. Тој Го видел Оној Кој Својот живот го дал за правдата Божја. И што се случило? Него не го допрел ни овој пример, ниту овие зборови. Од друга страна, грешната жена која била презрена од многумина и не ги слушала зборовите кои ги слушал Јуда и не била блиска до Христос како што бил Јуда, во своето срце почувствувала неодложна потреба да го излие овој мирис врз Спасителот Кој одел кон смрт за искупување на гревовите на човечкиот род. Како што ни раскажува свети евангелист Јован, Јуда се вознемирил од постапката на оваа жена, укажувајќи дека мирото можело да се продаде, а парите да се раздадат на сиромашните. Но, оваа „грижа" не била реална. Тој не се грижел за сиромашните, туку како чувар на парите на Христовата заедница, тој крадел за себе. Од гледна точка на Јуда, постапката на оваа жена била безумие.


Денеска си спомнуваме за делото на жената грешница, која го излила мирисот на главата на Спасителот и за постапката на Јуда, кој не само што негодувал гледајќи го овој подвиг, туку токму во овој момент тој решил да појде и да Го предаде Спасителот. Спомнувајќи ги овие два настана, добиваме јасна претстава за тоа дека неприфаќањето на Божјиот мироглед и неподготвеноста на човекот да се откаже од материјалното, со себе повлекува откажување од Бога. Имено, наоѓајќи се во една ваква состојба, во тој момент Јуда постанал предавник. Тогаш неговиот светоглед се судрил со различниот поглед и начин на живот и во неговото срце се запалила страшна омраза, која со ништо не можела да се изгасне. Како што ни е познато, во овој миг Јуда решил да тргне по патот на омразата и противењето на Бога до крај, предавајќи Го на страшни маки и смрт.


Не случајно Господ Исус Христос вели: „Независно каде во светот ќе се проповеда Евангелието, секаде ќе се кажува за она што го направи оваа жена како голем пример на служење на Бога, како голем и светол пример на пожртвуваност и способност од себе да се дава на ближниот". Ова во Божјите очи се прима како благоухание и принесување на жртва на Бога. Сите ние сме повикани на служење на Бога и ближните, преку кое ќе бидеме способни да ги спасиме нашите души, а и да придонесеме за подобрување на атмосферата во која делуваме, живееме и работиме. Амин.


Велика среда
Храм „Св. вмч. Ѓорѓи", Охрид
28.04.2021 год.

 

veliksreda2021 1veliksreda2021 2veliksreda2021 3veliksreda2021 4veliksreda2021 5veliksreda2021 6veliksreda2021 7veliksreda2021 8veliksreda2021 9veliksreda2021 10veliksreda2021 11veliksreda2021 12veliksreda2021 13veliksreda2021 14veliksreda2021 15

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5