„Архистратигот на ангелските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа вест радосна“ (Светилен на Утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).

 

На 07.04.2021 година, на денот на славното Благовештение на Пресвета Богородица, денот кога беше објавено почетокот на спасението на сиот човечки род, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ѓаконот Васил Михајлоски и ероѓаконот Никодим. Благовештенската радост се зголеми за нашата света Црква, зашто денеска Таа доби уште еден свештенослужител пред Престолот на Севишниот Бог. Имено, Митрополитот Тимотеј благоизволи да го ракоположи во еромонашки чин ероѓаконот Никодим,. Од името на целата Епархија, на чело со нашиот Митрополит, му го честитаме чинот на еромонахот Никодим, молејќи Го Бога Он во секое да го поткрепува на добриот пат што го избрал, да го вмудрува и да му дава сили да ги победува сите искушенија на својот пат до спасението. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Nike Sneakers | Men's Footwear

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Благовештение на грчки се нарекува „Евангелизмос". Евангелие се нарекува и главната книга од Новиот Завет. Двата збора имаат исто значење, односно значат блага или радосна вест. На Божјата Мајка од висините ѝ била објавена благата вест за тоа дека ќе биде Мајка на Синот Божји и Синот Човечки – на нашиот Господ Исус Христос. Прославувајќи го овој голем ден, ние си спомнуваме за настанот на благовештението и за раѓањето на Синот Божји и Синот Човечки.


Во ова благовештение се крие и поинаква блага вест, која ангелите ѝ ја откриле на Дева Марија. Но, често пати нашето внимание поминува покрај таа вест, која по значење не е помала од она што во нашето сознание непосредно е поврзано со терминот „благовештение". Која е таа блага вест, што е рамна по својата сила со сведоштвото за раѓањето на Синот Божји и Синот Човечки? „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји ... и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царството Негово нема да има крај" (Лк. 1, 32-35). Тука гледаме поразителни зборови. Неговото царство нема да има крај! Токму ова е втор дел кој има не помало значење од првиот дел.


Света Пречиста дознала дека нејзиниот Син има царство кое нема да има крај. Секој човек создава за себе своја историја, вклучувајќи ја во општата и така неговиот живот останува запомнет. Но, независно од должината на животот сепак доаѓа крајот. За нас тој крај е смртта. Крај, пак, на целата вселена е страшното претскажување од Бога кое е опишано во Откровението.


Што е, пак, царството кое нема да има крај? Кога ќе започне тоа царство? Каде е тоа царство? Совршено и очевидно за некои тоа царство започнало кога се родил Синот Божји. Но, Тој живеел во едноставни човечки услови, во дом на работник – дрводелец. До триесетгодишна возраст малку кој знаел за Него и во Евангелието се сочувани многу малку епизоди од Неговото детство. Но, за три години Тој силно ја разорал духовната атмосфера во античкиот свет и се случила духовна и морална револуција во човечкиот род. Можеби токму за тие три години се јавило самото царство? Но, гледаме дека настапил крајот, Спасителот пострадал, воскреснал и се вознел и Него Го нема на земјата. Го нема царството. Но, Царството Божјо е поинакво царство. Тоа не е физичко и не е поврзано со присуството во овој свет. Изворот на тоа царство не е служењето на овој свет, независно дали тоа служење е физичко, политичко или општествено. Овде, во овој свет, пред сѐ се јавуваат човечките закони и човечката сила кои го прават човечкото царство, на кое секогаш му доаѓа крајот. Но, царството за кое говорел архангелот Гаврил е поинакво. Негов извор е Самиот Бог, бидејќи само вечниот Бог може да создаде нешто што нема да има крај. Како да го запознаеме тоа царство? Каде е тоа? Можеби ќе дојде во иднина? Или можеби веќе настапило со доаѓањето на Спасителот во светот? Или тоа е некој паралелен духовен свет, некоја паралелна реалност? Тоа царство ја опфаќа целата историја на луѓето. Самата историја се развила од духовното лоно на тоа царство.


Ние го чувствуваме присуството на тој паралелен свет, тогаш кога ќе ги отвориме нашиот ум и нашата душа за средба со Бога во молитвата, кога се причестуваме со светите Христови тајни и чувствуваме како благодатта Божја ја преобразува нашата природа. Таа ни дава сила, разум, мир и радост. Во таква состојба, ние се допираме до тоа царство. Секогаш кога се среќаваме со светите луѓе кои живеат според законот Божји, ние го чувствуваме тоа царство. Така, благовештението на архангелот кон Дева Марија ни помага да го разбереме тоа што се случило во светот со луѓето како резултат на тоа што Дева Го родила Господа Исуса Христа. Несомнено светот постанал поинаков, но не овој емпириски и материјален свет во кој живееме, кој е исполнет со злоба, клевети, лаги и невистина. Затоа тој ќе се бори и ќе се обиде да ги вклучи во таа борба сите што се трудат да се допрат до другиот поинаков свет. Но, ние да не подлегнеме на тоа и да не забораваме дека покрај овој материјален, постои и друг, поинаков свет. Тоа е божествениот свет заради кој го примивме благовештението заедно со Дева Марија. Да дозволиме тоа благовештение, како што тогаш ја исполнило со радост и доверба чистата Дева Марија, така и денес нам да ни даде сила и увереност за да поживееме во голема надеж и да поверуваме дека Неговото царство нема да има крај. Сите ние, преку вера и молитва и отвореност кон словото Божјо, како и преку тајните на Црквата, да се издигнеме и да се допреме до вечната Божја слава. Амин.


Благовештение на Пресвета Богородица
Храм „Света Софија" Охрид
07.04.2021 год.

 

blagovestenie2021 1blagovestenie2021 2blagovestenie2021 3blagovestenie2021 4blagovestenie2021 5blagovestenie2021 6blagovestenie2021 7blagovestenie2021 8blagovestenie2021 9blagovestenie2021 10blagovestenie2021 11blagovestenie2021 12blagovestenie2021 13blagovestenie2021 14blagovestenie2021 15blagovestenie2021 16blagovestenie2021 17blagovestenie2021 18blagovestenie2021 19blagovestenie2021 20blagovestenie2021 21blagovestenie2021 22blagovestenie2021 23blagovestenie2021 24blagovestenie2021 25blagovestenie2021 26blagovestenie2021 27blagovestenie2021 28blagovestenie2021 29blagovestenie2021 30blagovestenie2021 31blagovestenie2021 32

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5