„Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч, зашто на негово место дојде крстното дрво; осилото на смртта отапе, и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе, викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот“ (кондак на Утрена во Неделата од трета седмица на Великиот пост).

 

На 04.04.2021 година, во Неделата од третата седмица на Великиот пост - Крстопоклона недела, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Во овој неделен ден, односно во третата недела од Великиот пост го славиме и му се поклонуваме на чесниот крст на Господ Исус Христос. Ова е средина на Велигденскиот пост, на патот на кој се среќаваме со маки и подвизи и со нашите покајни трудови. Потребно е достојно и праведно да се поклониме на крстот Христов, бидејќи со неговиот благослов била умртвена смртта и бил даруван живот. Со рајското дрво ние бевме умртвени, а со крстното дрво оживеавме. Со првото бевме истерани од Рајот, а со второто одиме кон небото. Со првото нѐ победи ѓаволот, а со второто ние ги победуваме нашите непријатели. Затоа достојно и со секаква почит се поклонуваме пред ова дрво на побожноста.


Овој ден е радосен и донесува голема тајна, во која секој човек како во Стариот, така и во Новиот Завет не може да продре до крајот. Оваа тајна е голема, бидејќи на овој крст, на овој жртвеник и величествен престол починал Господ заради нас луѓето, со цел да нѐ исцели преку Својата љубов и да нѐ издигне во живеалиштата на царството небесно. Да се обидеме да одговориме на прашањето што бил крстот до Христа и што станал благодарение на Христа и што ќе биде и во иднина за сите луѓе на земјата?


Во древноста во многубожечкиот свет, крстот бил орудие за смртна казна. На него ги распнувале разбојниците. Еврејскиот историчар Јосиф Флавиј зборува дека во време на разурнувањето на Ерусалим во седумдесеттата година по Христа, Римјаните распнале седумдесет илјади Евреи и во земјата веќе снемало дрвја за нови крстови.


Праобраз на крстот било рајското дрво на животот кое ги чувало Адам и Ева од смртта. Дрвото и бакарната змија кои Мојсеј ги поставил во пустината, исто така биле праобраз на крстот и на распнувањето на нашиот Господ Исус Христос. Сам Господ Исус Христос зборува за ова, велејќи: „И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така е потребно да се издигне и Синот Човечки, за секој што ќе поверува во Него да не погине, но да има живот вечен" (Јн. 3, 14-15). Од ова, следи дека за сите и во сите времиња, крстот бил и останува лекарство против лукавите сплетки на ѓаволот.


Што станал крстот за нас по Христовото распнување? Христос го избрал тоа дрво на презир и решил на него да умре, за нас да нѐ спаси од смртта и да ни даде живот вечен. Затоа крстот е симбол на сојузот на Бога со грешните луѓе и извор на Божјата благодат која се дава обилно во црковните тајни, кои се извршуваат со помош на крстот. Крстот е знамение на победа. Држејќи го во раце, апостолите пошле во светот и го покориле. Пред крстот бега секакво зло. Со крстот се победуваат бесовите и се уништува гревот. Свети Климент Александриски вели: „Осени се со крст и лошиот дух ќе избега од тебе, бидејќи крстот е закон на победа и на воскреснатиот Христос".


Да се поклониме на чесниот и животворен крст Господов. Овој празник ни напомнува дека Господ пред нас престојувал на Голгота и ги распнал нашите гревови и сите наши непромислени постапки, кои ги правиме во нашиот живот. Од нас денеска не се бара жртва преку мачеништво. Господ од нас бара да се поправиме и покаеме и да отфрлиме секакво зло и пакост. Бара да ја засакаме правдата и вистината и да живееме согласно со нашата православна вера. Да се обратиме кон Господа Исуса Христа за да ни даде сила и благодат. Да поживееме исправен христијански живот и да спечалиме милост Божја за вечен и блажен живот. Амин.


Крстопоклона недела
Манастир „Свети Наум Охридски"
04.04.2021 год.

 

krstopoklonaned2021 1krstopoklonaned2021 2krstopoklonaned2021 3krstopoklonaned2021 4krstopoklonaned2021 5krstopoklonaned2021 6krstopoklonaned2021 7krstopoklonaned2021 8krstopoklonaned2021 9krstopoklonaned2021 10krstopoklonaned2021 11krstopoklonaned2021 12krstopoklonaned2021 13krstopoklonaned2021 14krstopoklonaned2021 15krstopoklonaned2021 16krstopoklonaned2021 17krstopoklonaned2021 18krstopoklonaned2021 19krstopoklonaned2021 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5