„Откако го видовме необичното раѓање, да се оддалечиме од овој свет, нашиот ум да го идигнеме кон небото, зашто заради тоа, Вишниот Бог се јави на земјата како смирен Човек, сакајќи да ги привлече кон висините оние кои Му пеат: Алилуја!“ (Кондак 8 од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 02.04.2021 година, во вечерните часови, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Доситеј, свештениците Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

jordan Sneakers | Men Nike Footwear

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска во овој петок сме собрани за да ја отслужиме третата статија од Акатистот на Мајката Божја која прославувајќи ја, ја привлекуваме кон себе милоста Божја. Истовремено ги потврдуваме нејзините пророчки зборови: „Од сега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија" (Лк. 1, 48). Светата Црква Христова во одговор на тоа претскажување вознесува кон Мајката Божја пофални химни и ја воспева: „Кој нема да те нарече блажена, тебе, пресвета Дево, кој ли нема да го воспее твоето пречисто рождество... бидејќи од неа произлезе Избавителот на светот, Сонцето на правдата, Христос нашиот Бог" (Догматик, глас 6ти).


Преку гревот и непослушноста, првите луѓе се лишиле од благодатта и природата им се помрачила. Се помрачило и нивното светло достоинство. Како последица на тоа, тие се истерани од Рајот и лишени од сите наслади. Примиле привремен живот, а заедно со тоа и смрт и морален пад. Оваа судбина ги следела прародителите, но и целиот нивен род. Сите почнале да ја претпочитаат земјата пред небото и не останале никакви надежи за спасение, доколку не дојдела помошта од височините. Човештвото се лишило од општење со Бога и во текот на многу илјади години се заблудувало и скитало по темни места, слично на патник кој лута низ ноќта и го чека изгрејсонцето. Колку повеќе време минувало, толку повеќе човештвото се расипувало во мракот на духовната ноќ, помрачувајќи си го разумот и правејќи неразумни дела. Древните пророци, опишувајќи ја моралната состојба на луѓето во нивното време, воскликнуваат: „нема ниеден праведен, нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога; сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден. Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров, устата нивна е полна со клетва и горчина... Страв Божји нема пред очите нивни" (Рим. 3, 10-14 и 18). Така ги предава зборовите на пророците свети апостол Павле.


Никој не знаел како да ја исправи природата на луѓето и да ја издигне во првобитното достоинство. Ниту природниот закон, ниту пишаниот, ни кажувањето на пратениците Божји немало сила да ги излекува раните на луѓето. Раната можел да ја излекува само Оној Кој го создал човекот и преку Кого суштествува сѐ. Но, за тоа било потребно Бог да се воплоти и да го прослави обеславениот Адам, односно нашата природа. И премудриот и милостивиот Бог избрал сад од нашата природа, украсувајќи ја со тоа нашата природа како величествен храм. Самиот се вселил во овој храм само за да го помири човештвото со Отецот. За тоа послужила со нашата природа токму пресвета Дева Марија, која во себе Го сместила Несместливиот и Го родила Искупителот на светот – Спасителот и Бог Господ Исус Христос. Создадениот Адам го направи нов Адам за да го спаси стариот.


Пресвета Дева Марија како избрана од Бога послужила во тајната на воплотувањето на Синот Божји. За тоа било претскажано уште во Стариот Завет. Во Стариот Завет може да најдеме многу места кои ја именуваат со различни имиња: лествица Јаковова, жезол Аронов, корен Есеев, несогорлива капина, златна кадилница, светиња над светињите итн.


Преку таа света Дева Марија била принесена радоста во светот. Света Дева Марија, како посредница меѓу величието Божјо и нашата ништожност послужила за снисходливост Божја кон луѓето. Но, по нејзиното успение, таа е опкружена со небесната слава, со ликовите на ангелите и архангелите и претстои пред учениците на Господа како сесилна помошница и молитвеница пред престолот на својот Син и наш Бог. Таа се моли за сите кои со вера и љубов прибегнуваат кон неа и го просат нејзиното застапништво. Затоа светата Црква пее: „Немаме друга помош ниту друга надеж освен тебе". Така светата Црква се обраќа кон мајката Божја, просејќи го нејзиното застапништво. Наша христијанска должност е секогаш да ја прославуваме Божјата мајка и секогаш да ѝ благодариме за нејзината обилна милост која ја покажува кон нас и кон целиот христијански род. Да се обратиме со молитва кон света Богородица со зборовите: „Радувај се застапнице на родот христијански, радувај се наша радост и заштити нѐ од секакво зло со твојот омофор". Амин.


Трет акатист на Богородица
Манастир „Пресвета Богородица Пречиста" Кичево
02.04.2021 год.

 

tretakatist2021 1tretakatist2021 2tretakatist2021 3tretakatist2021 4tretakatist2021 5tretakatist2021 6tretakatist2021 7tretakatist2021 8tretakatist2021 9tretakatist2021 10tretakatist2021 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5