„Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“ (кондак на Утрена во Недела на блудниот син).

 

На 28.02.2021 година, во параклисот посветен на преподобните Пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Макариј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best Authentic Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Во овие денови пред Велигденскиот пост ги слушаме умилителните зборови на песната „На реките вавилонски", односно на 136 псалм. Оваа песна прекрасно ја опишува трогателната судбина на Израелскиот народ кој се наоѓал во Вавилонското ропство. Покрај тоа што Евреите биле робови, Вавилонците ги терале да пеат за нивниот Сион. Тоа подразбирало да пеат побожни песни во кои го слават името на Господа. Затоа се вели: „Како да Mу пеам на Господа во туѓа земја?" Тоа што поробувачите го барале од Евреите, за нив значело сквернавење на светото и затоа одбивале да пеат, сметајќи дека со тоа ќе Го навредат својот Бог. Заради одбивањето да пеат, тие добивале уште поголеми маки и понижувања, но останувале упорни во намерата да не Го навредат својот Бог.


Нивната утеха се состоела во споменот за родната земја и љубовта кон благословената земја и верата во Бога, со надеж во Неговата милост. Затоа Јудејците побожно воскликнувале: „Ако те заборавам тебе Ерусалиме – нека ме заборави мојата десница" (Пс. 136, 5). Откако Ерусалим бил разрушен, тие не барале одмазда туку таа работа ја препуштиле на Бога, за Тој да определи како ќе постапи со нив. Знаејќи го сето ова може да се запрашаме: дали ние како христијани се однесуваме кон нашите непријатели барем приближно како што се однесувал еврејскиот народ? И покрај тоа што се нарекуваме христијани, за нас како нормално однесување останало враќањето на зло со зло. Кога во нашето срце има нетрпеливост и злоба, ние не градиме правилен однос кон злото и не разбираме дека тоа можеби ни е допуштено од Бога за да бидеме испитани и да порасне нашето трпение, за да се учиме на воздржување и исполнување на нашата вера. Од Светото Писмо знаеме дека Господ Исус Христос од нас бара да ги сакаме и нашите непријатели (Мт. 5, 44).


Не случајно светата Црква ги пее овие стихови од Стариот Завет. Како и ние да не плачеме на реката Вавилонска, кога се наоѓаме во ропство на земните приврзаности и пороци? Невозможно е истовремено да се слави Бог и да се прават беззаконија, кои нѐ оддалечуваат од небесниот Отец. Нема оправдување за таквата поделеност. Заробените Јудејци не сакале да ги пеат свештените песни пред нивните поробувачи, плашејќи се дека ќе Го разгневат Бога. Но, колку често ние го употребуваме името Господово, не размислувајќи доволно каде и зошто го употребуваме. Често пати го употребуваме името Божјо за задоволување на нашите времени и ниски потреби. Зар не е тоа предавство на Господа и Неговото учење, кон кое ние се стремиме и кое го исповедаме? Зошто ние не се плашиме од Божјиот гнев? Но, затоа сѐ уште имаме време во нашиот земен живот да се потрудиме и да се загледаме во нашата душа и да разбереме што е поважно за нас: дали да престојуваме во гревовноста и духовната заслепеност, или да станеме од ропството на беззаконието за да се обновиме и да се очистиме и да најдеме вистинска радост во општењето со Бога.


Подготвувајќи се за Великиот пост, да ги отфрлиме сите земни нешта и да се потсетиме на тоа дека во нашиот земен живот едно е најважно и од тоа не зависи само овдешниот, туку и идниот и вечен живот. Тоа се постигнува преку очистување на гревовите и помирување со Бога. Затоа не треба да го одложуваме нашето покајание. Ништо друго не може да нѐ повика кон Господа подобро од црковната песна која вели: „Со покајание отвори ми ги дверите, Животодавче". Дверите на Божјото милосрдие се отворени за секого од нас и денес и утре и до крајот на светот. Да се удостоиме и ние преку вистински христијански живот, вера и дела на милосрдие, да бидеме вистински чеда на нашиот Отец небесен. Амин.


Недела на блудниот син
Манастир „Пресвета Богородица Пречиста" Кичево
28.02.2021 год.

 

nedblsin2021 1nedblsin2021 2nedblsin2021 3nedblsin2021 4nedblsin2021 5nedblsin2021 6nedblsin2021 7nedblsin2021 8nedblsin2021 9nedblsin2021 10nedblsin2021 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5