На 11.02.2021 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид. Состанокот се водеше под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а на истиот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2020 година, како и Предлог буџетот на Епархијата за 2021 година. На Состанокот беа разгледани и повеќе прашања од дејствувањето на Дебарско-кичевската епархија. На Состанокот присуствуваа сите членови на ЕУО на ДКЕ Охрид, во состав:
- архимандрит Нектариј (Најдоски)
- протереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
- протоереј Васко Голабоски
- д-р Светослав Маџаров
- д-р Сашо Цветковски
- г-дин Владо Толески и
- протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство на секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на Состанокот.





