„Со љубовта кон мудроста. си ја орезал покривката на твојата душа, отче, и со твоите чуда пред светот се покажа како сонце и ги озари мислите на верните. богомудар Василие, тајнику на (Света) Троица, и служителу на Богородица“ (светилен на Утрена на Обрезание по тело на Господ Исус Христос и св. Василиј Велики).

 

На 14.01.2021 година, на празникот Обрезание по тело на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и Молебен на Нова Година, а беше прекршен и празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Asics footwear | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


„Внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави" (Ефес. 5, 15-16).


Денеска ја славиме православната Нова Година. Овој празник нѐ потсетува на многубројни должности и доживувања во врска со времето, годините и деновите од нашиот живот на земјата. Потребно е денеска да се потсетиме дека времето е дар Божји. Тоа е дар, оти секој момент минува и потребно е мудро да го користиме. Во Стариот Завет, пророкот и цар Давид вели: „Дните на човекот се како треба; како полски цвет, така прецутува тој" (Пс. 103, 15). Тоа значи дека треба да сме будни и секогаш свесни дека времето што ќе помине, повеќе никогаш нема да се врати.


Денеска луѓето многу брзаат и постојано се жалат дека немаат доволно време. Иако современото темпо на живот е многу побрзо од порано, сепак има сосема доволно време за човекот да го направи она што е најважно во животот. Затоа свети апостол Павле советува: „Не бидете неразумни, туку разберете што е волјата Божја" (Ефес. 5, 17). Волјата Божја е да Го сакаме Бога и да ги сакаме нашите ближни. Понатака, сите останати добродетели ќе се нижат сосема природно. Секогаш е погодно време да Го сакаме Бога, да го сакаме својот ближен и да правиме добри дела.


Луѓето обично ја мерат должината на својот живот на земјата со денови, месеци и години. Денеска човечкиот животен век е значително зголемен, благодарение на науката, современата медицина и високиот животен стандард. Меѓутоа, мерејќи го современиот животен век на луѓето со мерката на длабочината на доживувањето, интензитетот на чувствата и творечките активности, човечкиот живот е многу пократок од оној на нашите предци пред само неколку децении. Ова може со сигурност да го потврдиме, имајќи ги предвид многубројните неволји кои ги донесе моралната криза на нашето време. Човекот всушност живее онолку колку што Го сака Бога и својот ближен и колку што прави добри дела, колку што се радува и колку што ги остварува и доживува вистината и правдата. Толку неговиот живот е длабок, содржаен и потполн. Вредност на животот му дава неговата смисла и содржина, а не бројот на годините што човек ќе ги проживее на земјата. Мразејќи, правејќи зло, заблудувајќи се со мисли и дела, човек работи против своето постоење и времето кое Бог му го дарувал. Тоа време е изгубено, уништено и промашено. Човекот вистински не живее кога прави зло. Словото Божјо на таквиот човек му ја упатува следната порака: „Ги знам твоите дела. Имаш име дека си жив, а мртов си" (Откр. 3, 1).


Животот во овој привремен свет е за да се припремиме за другиот вечен живот. Човекот учи во училиште, не само за да стекне знаење, туку и за да стекне вештини кои му се потребни во животот. Заради тоа се сите маки, жртви и напори за време на образованието и само поради тоа имаат полна смисла и оправдување. Токму таков е овој наш земен живот. Тој е еден вид училиште, кое нѐ подготвува за вечниот живот во царството на нашиот небесен Отец. Токму таа е целта на животот на земјата. Поинаку, животот на човекот би бил бесмислен.


Наша должност е училиштето на земниот живот да го завршиме како добри ученици и правилно да го искористиме нашето време. На таа обврска нѐ потсетува и денешниот празник. Затоа да ги упатиме нашите мисли и молитви кон нашиот небесен Отец, за да ни помогне да го поминеме животот во љубов кон Бога и ближните, со силна и непоколеблива вера и добри дела и надеж за вечен живот. По молитвите на свети Василиј Велики, така нека биде. Амин.


Обрезание Господово и свети Василиј Велики
ман. „Свети Климент и Пантелејмон" Плаошник, Охрид
14.01.2021 год.

 

svvasilij2021 1svvasilij2021 2svvasilij2021 3svvasilij2021 4svvasilij2021 5svvasilij2021 6svvasilij2021 7svvasilij2021 8svvasilij2021 9svvasilij2021 10svvasilij2021 11svvasilij2021 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5