„Вчера Господ во тело при нас доаѓаше, а денес еден слуга од телото излегуваше; вчера Оној Кој царува во тело се роди, а денес Неговиот слуга смртно се каменува и заради Него пострада првомаченикот и божествен Стефан“ (кондак на Утрена на св. апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан).

 

На 09.01.2021 година, на празникот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Best Sneakers | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Христос се роди!


Драги браќа и сестри,


Денеска го прославуваме првиот маченик за верата во Господа Исуса Христа. Поточно го прославуваме светиот архиѓакон Стефан. Од Евангелието ги слушнавме зборовите за евангелската проповед на архиѓаконот Стефан и за тоа како неговите непријатели се разгореле со омраза против него. Слушајќи што тој зборувал и како го словел словото Божјо, неговите непријатели многу се разгневиле во срцата и крцале со забите против него (Дела 7, 54). Тие одлучиле да го убијат. Но, со свети Стефан се случило нешто невообичаено, за што слушнавме од денешниот Апостол. Тој се исполнил со Светиот Дух, погледнал кон небото и ја видел славата Божја и Исус како седи од десната страна на Бога (Дела, 7, 55).


Ова доживување му дало нова сила и снага за да ги поднесе тешките и мачни моменти. И покрај тоа што чувствувал дека ќе ги разгневи своите непријатели, Стефан пред сите рекол: „Еве ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога" (Дела 7, 56). Со голема омраза, непријателите го засипале Стефан со камења. Умирајќи, тој ги кажал зборовите: „Господи Исусе, прими го мојот дух" и „не примај им го ова за грев" (Дела 7, 59-60). Така го завршил своето мачеништво овој прв маченик за верата Христова. Со векови тој поучува со својот пример, како со љубов се победува омразата и како гледајќи Го Христа се надминуваат сите маки и тешкотии и се победуваат сите зла во животот.


Свети апостол Павле вели: „со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исуса" (Евр. 12, 1-2). Со други зборови, потребно е човек постојано да има пред себе свој вистински идеал за да стигне до целта во својот живот, трчајќи по патот на својот живот. Најголем идеал е Спасителот Господ Исус Христос. Но, тој пат не е ниту широк, ниту рамен. „Тесен е патот што води во живот" (Мт. 7, 14). „Кој сака да оди по Мене нека се одрече од себе и нека го земе својот крст и нека врви по Мене" (Лк. 9, 23). На тој пат, потребно е човекот да гледа кон небото и да го доживува гледањето на Синот Божји Кој се роди на земјата како човек и беше распнат на Голгота на крст и Кој воскресна од мртвите и се вознесе на небото и седи оддесно на Бога и Отецот. Така свети архиѓакон Стефан, кого денес го прославуваме, го доживеал гледањето на Спасителот. Сеќавањето на него нѐ потсетува и нас дека таквото видување треба да го доживееме и ние, гледајќи Го Христа и одејќи го нашиот животен пат.


Денеска прославувајќи го свети архиѓакон Стефан, да се задлабочиме во нашите мисли и чувства и молејќи се на овој Божји светител и загледувајќи се во него и споредувајќи се себеси со овој Божји избраник, многу полесно ќе се видиме какви сме и колку вредат нашите постапки пред Бога и пред луѓето. Свети Стефан многу ќе ни помогне за да отфрлиме секаков терет и грев, кои лесно нѐ заплеткуваат во овој свет и живот. Ќе ни помогне со трпение да ја трчаме трката која ни претстои, гледајќи на Исуса – Зачетникот на верата (Евр. 12, 1-2).


Да се обратиме со молитва кон свети архиѓакон Стефан, за тој да биде наш молитвеник пред севишниот, па и ние да одиме по Христовиот пат и да добиеме вечна слава во царството Божјо. Амин.


Свети архиѓакон и првомаченик Стефан
Храм „Свети Георгиј Победоносец" Струга
09.01.2021 год.

 

svstefan2021 1svstefan2021 2svstefan2021 3svstefan2021 4svstefan2021 5svstefan2021 6svstefan2021 7svstefan2021 8svstefan2021 9svstefan2021 10svstefan2021 11svstefan2021 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5