Денот на Рождеството Христово е ден за радост, зашто откако Несместливиот се смести во утробата на Дева, денеска се раѓа за да ја порази силата на древниот непријател и да нѐ избави од неговите окови. Но, на Младенецот, секако, Му се радуваат младенците - најмладите. Затоа, иако во вонредно време, дедо Владика (Митрополитот Тимотеј) им подари Божикни пакетчиња на најмладите и им го честита денот на Христовото Рождество со торжествениот поздрав: Христос се роди!, та и од устите на младенците да се слави Оној Кој е Љубов и Слава!
Adidas shoes | Air Jordan Release Dates 2020





