„Маченику Христов, страдалнику, спаси ги оние кои се во напасти, со твоите молитви избавувајќи ги од секаква беда и, изгонувајќи секаква лута душегубна тага, благодат и милост за нас испроси ни; та, спасени со твоите молитви, радувајќи се, сите да ги почитуваме твоите чесни подвизи, Георгие“ (хвалитна стихира на Утрена на св.вмч. Георгиј Победоносец).

 

На 09.12.2020 година, кога го прославуваме свештениот спомен на св.вмч. Георгиј Победоносец и на преп. Алимпиј Столпник, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports News | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Современиот човек денеска живее во големи градови, кои енормно се зголемуваат за сметка на селата и помалите населени места. Покрај големите облакодери и огромните трговски центри, во овие големи градови има фабрики, компании, институции и други зданија во кои секојдневно се движи големо мноштво луѓе. Во вакви околности индивидуата се слева во мноштвото. Друга карактеристика на современието се мас-медиумите како интернетот и другите современи информативни влијателни средства. Често поединците ги примаат информациите, модите и идеите кои доаѓаат преку гореспоменатите средства без доволен критички пристап. Најчесто овие информации се примаат како позитивни, напредни, модерни и современи. Вистинските вредности и традициите, од друга страна, се отфрлаат и се прогласуваат за старомодни и неполезни. Во ваквите околности, не ретко ги слушаме размислувањата на луѓето кои велат: „Како сите – така и јас".


Во ова наше потрошувачко друштво, токму овие нови „вредности" нудат удобен живот, комфор, положба, добра куќа, скапа и модерна кола и сл. Сето тоа многу лесно се прифаќа без доволно размислување и проверка од современиот човек. Често пати можеме да слушнеме и приговори од повозрасните луѓе дека вакви амбиции и вакви желби и приврзаности кон овој свет не биле познати кај постарите генерации кои имале поинакви разбирања за вредностите во животот и во светот. Но, во објективна смисла на зборот не се секогаш во право, бидејќи отсекогаш постоела разликата помеѓу постарите и помладите генерации, а за тоа најдобро ни зборува свети апостол Павле во своето послание кога вели: „Не управувајте се според овој век, туку преобразувајте се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате која е добрата, угодна и совршена волја Божја" (Рим. 12, 2). Оваа небесна порака е упатена на сите луѓе па и нам.


Истиот апостол во своето послание до Коринтјаните вели: „Кој е во Христа, тој е ново создание" (2 Кор. 5, 17). Прифаќајќи ги Христовите навики, човекот постојано се обновува со нова љубов, нова вера и нова надеж за победа на доброто. Секое ново доживување на верата, кај човекот поттикнува нови вдахновувања на нови сили и нов живот. Независно каде човекот се наоѓа на својот животен пат, независно од тоа дали се издигнува на врвот на својата сила и снага, или е на крајот на својот живот и се спушта надолу, тој духовно расте и постојано се воздигнува. Доживувајќи ги Евангелските начела и не управувајќи се по светот, човекот се препородува, преобразува и обновува за нов живот. Тоа е најголемата утеха за нас. Иако нашиот надворешен човек се уништува, нашиот внатрешен човек се обновува од ден во ден (2 Кор. 4, 16). Напредно е тоа што е според волјата Божја, односно она што е свето, добро и благородно. Зло, пак, е „старата змија" (Откр. 12, 9), која е постара од човечкиот живот на земјата. Затоа, злото кое донесува било какви напредни или современи мислења од светот, не смее да ги заведе луѓето кои се нарекуваат христијани. Христијанинот треба да биде како стогодишен даб, кој стои исправено и не се свиткува под никакви современи ветрови, туку стои цврсто и непоколебливо. Сѐ останато што донесува современието како ветар, уште побрзо и полесно го однесува истиот ветар.


Ние како христијани треба да ја преобразуваме нашата природа, а тоа не значи да го промениме нашето мислење, туку да го измениме и начинот на живеење, да го измениме и правецот на нашиот живот. „Христос е патот, вистината и животот" (Јн. 14, 6). Господ Исус Христос е патот кој води кон преобразување на човековата природа и ја насочува кон добродетелите, кон доброто, светото, правдата, вистината и љубовта. Без тој пат, човекот не може духовно да напредува, како што без вистината не може да ги сознае тајните на небото и на земјата. Без живот во Христа, човекот навистина не е жив.


„Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено" (Рим 12, 2). Оваа небесна порака е објавена пред две илјади години преку устата на свети апостол Павле. Свети великомаченик Георгиј чиј спомен денеска прославуваме стекнал маченички венец и светителско достоинство, преобразувајќи го својот ум, следејќи Го Христа и уподобувајќи се на Него. Тој им помогнал на многумина во овие седумнаесет века откако го дал животот за Христа и Неговата света вера. Со неговиот пример и неговите молитви и нам ќе ни помогне, доколку со искрена вера и молитва му се обраќаме и бараме негово содејство пред престолот на Севишниот. По молитвите на свети великомаченик Георгиј, Бог да ги прими нашите молитви и да ни подари силна и непоколеблива вера, за да одиме по Христовиот пат и да спечалиме вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин.


Свети Георгиј Посен
ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид
09.12.2020 год.

 

svgjorgjizim2020 1svgjorgjizim2020 2svgjorgjizim2020 3svgjorgjizim2020 4svgjorgjizim2020 5svgjorgjizim2020 6svgjorgjizim2020 7svgjorgjizim2020 8svgjorgjizim2020 9svgjorgjizim2020 10svgjorgjizim2020 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5