„Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот народ побожен, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, непобедлива победа“ (кондак на Утрена на празникот Крстовден).
На 04.10.2020 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница (по Воздвижение на чесниот Крст) и на празникот Оддание на Крстовден, како и во Неделата посветена на Собор на сите македонски светии, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сосолужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиевски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Петар се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое се задржа на проповедта на апостолите во Македонија, од која како плодно семе до ден денес се раѓаат многу светии кои проповедале и го поучувале нашиот верен народ во оваа света земја.
Adidas shoes | Footwear





