„Откако покажаа трпеливо противење како и младите момчиња, богоносните девици храбро го уништија огнот, зашто тие се здобија со цврст разум, и со ист број Го прославија најславениот и секогаш фален Бог на отците наши“ (песна од канонот на Утрена на св. мч-ца. Софија и нејзините три ќерки: Вера, Надеж и Љубов).

 

На 30.09.2020 година, денот кога го прославуваме споменот на св. мч-ца. Софија и нејзините три ќерки: Вера, Надеж и Љубов, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running sports | Air Jordan

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска светата Црква ни изнесува примери за силата и јачината на верата. Денеска ги прославуваме света Софија и трите нејзини ќерки Вера, Надеж и Љубов. Тие живееле во времето кога христијанството било жестоко прогонувано. Примерот на света Софија е многу поучен за нас, бидејќи таа како мајка ги бодри своите три малечки ќерки да не потклекнат на било какви овоземни ласкања и понуди за удобен и раскошен живот за сметка на христијанската вера. Таа како силна христијанка била уверена во вечниот и блажен живот, па така и своите рожби ги советувала да издржат во сите мачења, за да добијат вечен и небесен венец кој никогаш не овенува. Мајката ја гледала вечната перспектива на своите ќерки и насладата со Христа во вечното царство. Обично, од житијата, но и од практичниот живот знаеме дека родителите, а особено мајките се премногу приврзани кон своите рожби и во вакви искушенија, кога претстојат страдања и маки заради верата, обично ги молат или да се откажат од верата, или тоа да го направат барем привидно, со цел да го запазат овоземниот живот. Но, света Софија ги надминала овие мајчински чувства и кај неа преовладала верата во Христа и надежта во Царството небесно.

Од денешното свето Евангелие слушнавме за силната и непоколеблива вера на жената Хананејка која имала ќерка измачувана од нечист дух. Христос, пак, изморен од многубројниот народ кој одел по Него во Галилеја, одлучил да премине во земјата Тирска и Сидонска. Мислел дека никој нема да разбере за Неговото присуство и дека на тој начин ќе се одмори од народот. Но, како што сонцето не може да се сокрие, така и светлината Христова не можела да не биде видена. За Неговото присуство во оваа земја слушнала жената Хананејка. Хананејците биле презрени од страна на еврејскиот народ, бидејќи не го познавале Мојсеевиот Закон и според увереноста на евреите, живееле во идолопоклонство и нечистотија. Но, кога оваа жена слушнала дека доаѓа Христос, одлучила да побара помош и исцеление за својата ќерка, која била опседната од нечистите сили. Таа одела по учениците и по Господа Христа и со силен глас викала: „Помилуј ме Господи Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес" (Мт. 15, 22). И покрај тоа што таа не припаѓала на избраниот народ, од Израилот научила дека евреите Го очекуваат Месијата како Син Давидов. Токму затоа таа и така Му се обратила. Но, Христос најпрво не ѝ одговарал, проверувајќи ја нејзината вера и покорност. Преку тоа, најмногу сакал да ги поучи Своите ученици, истакнувајќи ја силата на верата кај луѓето. Таа се обраќа кон Господа со зборовите: „Помилуј ме!". Не рекла: „Помилувај ја ќерка ми!", туку „Помилувај ме мене!", зашто токму мајката страдала за својата ќерка која не била свесна за својата состојба. Дури откако учениците Го замолиле Христа да и помогне за да не им додева, Тој ѝ одговорил дека е дојден за избраниот народ, а не за иноверните. Ова Христос го вели, не со цел да ја омаловажи оваа страдална мајка, туку за да ја покаже нејзината скромност и понизност пред Бога и нејзината непоколеблива вера. Откако таа пристапила кон Христа и паднала пред него велејќи: „Господи и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари", Христос јавно ќе ја пофали нејзината вера со зборовите: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде според желбата твоја!" (Мт. 15, 28). Во тој час нејзината ќерка оздравела.

Примерот на света Сифија и нејзините рожби, кои ја запечатиле верата со маченичка смрт, но и примерот на жената Хананејка од денешното Евангелие не поучуваат за силата на верата во Господа. Од нас денеска не се бара да ја сведочиме верата со мачеништво и со толкави страдања. Но, светата Црква од нас очекува и да ја исповедаме вистинската вера и да живееме според учењето на нашата Црква. Жената Хананејка, иако потекнувала од многубожечки народ, имала силна и непоколеблива вера во Господа Исуса Христа и токму затоа Тој ја излекувал нејзината ќерка без да побара да ја донесат и да се допре до неа. Тој ја излекувал без било какво дејство, туку само со Својот збор. Да се угледаме на овие примери и да измолиме милост Божја, за спасение на нашите души. Амин.

Света Софија, Вера, Надеж и Љубов

Храм „Света Софија" Охрид

30.09.2020 год.

 

svsofija2020 1svsofija2020 2svsofija2020 3svsofija2020 4svsofija2020 5svsofija2020 6svsofija2020 7svsofija2020 8svsofija2020 9svsofija2020 10svsofija2020 11svsofija2020 12svsofija2020 13svsofija2020 14svsofija2020 15svsofija2020 16svsofija2020 17svsofija2020 18svsofija2020 19

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5