„Мироносиците, кои рано наутро дојдоа и гробот празен го најдоа, на апостолите им говореа: Силниот ја порази разспадливоста, и оние во адот ги избави од оковите. Со смелост проповедајте дека воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува милост голема“ (седален на Утрена на Трета недела по Пасха - на жените мироносици).

 

На 03.05.2020 година, во Третата недела по Пасха - Неделата на жените мироносици, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Админиатрстор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение н архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

jordan Sneakers | Zapatillas de running Nike - Mujer

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денешното свето Евангелие ни благовести необична радосна вест и торжество. Поточно ни раскажува како жените мироносици први пред сите луѓе на земјината топка дознале за славното Христово воскресение. На Бога Му било угодно токму на жените мироносици да им се открие прекрасното и величествено чудо за тие да им соопштат на сите за оваа радост. Најпрво оваа вест им ја соопштиле на апостолите, а потоа, на целиот свет.


Но, пред ова благословено собитие, пред нашите духовни очи се покажуваат горки претстави за последователите по смртта на Синот Божји. Сега ние слушнавме како прочуениот член на Синедрионот и тајниот Христов ученик, Јосиф од Ариматеја, „се осмелил да влезе кај Пилата и да го бара телото на Исуса Христа" (Мк. 15, 43). Оваа постапка на значајниот и почитуван Јосиф, имала огромно значење. Кога влегол кај Пилат, тој не знаел како на тоа ќе реагира самиот Пилат, а уште помалку како ќе реагира народната толпа исполнета со злоба, а особено неговите колеги, кои можеле да му ги одземат почестите и титулите, да му создадат низа непријатности, па дури и да го предадат на смрт, заради поддршката кон Христа. Но, сето тоа во овој момент не го интересирало. Јосиф имал само една цел – да се оддолжи на својот сакан Учител, да Го симне од крстот и да Го погреба достоинствено.


Се поставува прашањето: што ќе се случело со телото на Господа Христа ако Јосиф не бил таен ученик и не отидел да го земе и погреба телото на Христа? Тоа ќе останело на крстот за да го колваат небесните птици и да биде носено од ветрот. Според обичајот во такви случаи се обраќале блиските и роднините, барајќи го телото на покојниот. Но, апостолите биле преплашени. Неговата, пак, света Мајка немала можност да го бара тоа бидејќи според јудејскиот закон такво право имале само мажите.


Но, да се вратиме на жените мироносици, зашто тие видувајќи го ангелот на гробот, биле ужаснати од оваа глетка. Теофилакт Охридски вели: „Необичното видение ги вознемирило жените. Но, да се поставиме себеси на таа позиција со жените мироносици. На пустото место немало никој, а каде што бил положен, стоел отворениот гроб, а положениот Господ го немало". Што им останува на жените мироносици освен да се ужаснат? Ангелот им вели: одете и кажете им на апостолите. Свети Евангелист Марко, пак, вели: „Кога го видоа тоа побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас. И никому ништо не рекоа зашто се плашеа" (Мк. 16, 8).


Како може љубовта на жените мироносици да не нѐ трогне, кога тие секогаш останале со Христа и во радоста и во жалоста? Апостолите како мажи се разбегале поради страв да не бидат лишени од живот затоа што се среќавале со Господа. Само жените мироносици останале секогаш со Христа, останувајќи покрај Него и кога Тој страдал. Непријателските власти можеле и нив да ги уапсат и да ги подложат на страдања. Но, тие од тоа не се исплашиле. Нивната љубов кон саканиот Учител ги привлекувала кон Него, не плашејќи се од сите можни страдања, па дури и од смрт.


Затоа, денешниот празник е посветен токму на жените. Денеска го прославуваме денот на жените мироносици со пасхални песни. Должни сме тоа да го правиме во текот на целиот наш живот, како што и тие Го прославувале Христос и Му служеле со нивното дело. И ние сме должни да послужиме на Христа со сѐ што имаме. Поради неизречената и саможртвена љубов на жените мироносици, тие заслужуваат голема почит како првите што дознале за воскресението на Господа и постанале благовесници за воскресението Христово.


Да се обратиме со искрена молитва кон светите жени мироносици, за да ни дадат од нивната цврста и непоколеблива вера, па и ние да одиме по патот на Господа Исуса Христа и да го славиме Неговото свето име и Неговото светло воскресение. Христос воскресе!


Недела на жени мироносици,
Ман. „Св. Наум Охридски" Охрид
03.05.2020 год.

 

zenimir2020 1zenimir2020 2zenimir2020 3zenimir2020 4zenimir2020 5zenimir2020 6zenimir2020 7zenimir2020 8zenimir2020 9zenimir2020 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5