„Владико Човекољупче, во Твојата светлина ќе ја видиме Светлината, зашто си воскреснал од мртвите, на родот човечки дарувајќи му спасение, за да Те прославува сето создание, Тебе - единствениот безгрешен: помилуј нѐ“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светлата седмица).
На 21.04.2020 година, во Вторникот од Светлата седмица, кога го прославуваме третиот ден од Воскресението Христово, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
Running sports | Marki





