„Сета твар се менуваше од страв, гледајќи Те како висиш на крстот, Христе: сонцето се помрачи, и основите на земјата се тресеа: сите сострадаа со Оној Кој создал сѐ: Господи, Кој доброволно претрпе заради нас, слава Ти“ (Стиховна стихира на Утрена на Велики Петок).
На 16.04.2020 година, на Велики Четврток навечер, кога според Типикот на православната Црква се служи Утрената на Велики Петок, а кога ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ беше отслужена Утрена богослужба со читање на 12-те страдални Евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Во текот на утрената богослужба, насреде храмот беше изнесен Крстот со Распнатиот Христос, а верниот народ пристапи да се поклони пред Јагнето Божјо, Кое доброволно отиде на страдања и распнување, и преку Кое ни се дарува прошка на гревовите и живот вечен.
affiliate link trace | Women's Sneakers





