„Чесните страдања на овој ден, како светила совршени му светат на светот, зашто Христос, Кој со Својата рака држи сѐ, со добрина доаѓа да пострада и прифаќа да се распне на дрво, за да го спаси човекот“ (седален на Утрена на Велики Понеделник).

 

На 13.04.2020 година, на Велики Понеделник наутро, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

bridge media | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Влегуваме во Страсната седмица, во денови на жалост, но истовремено и денови на поставување на основата на торжеството на православната вера кое го определува воскресението Христово. Светата Црква во една од хвалитните стихири пее: „Откако стигнавме, верни до спасителните страдања на Христа Бога, да го прославиме Неговото неискажливо долготрпение..." Зошто страдањата на Господа Исуса Христа ги нарекуваме спасителни? Затоа што поминувајќи низ нив, Синот Божји го спасува човечкиот род од вечна смрт и духовно пропаѓање. Тоа што се случува во Страсната седмица тешко се искажува со обични зборови и не е можно да се разбере со нашиот разум. Само вистинска, силна и непоколеблива вера може да ни помогне да ги преживееме тие свети денови заедно со Господа и со сето срце и со сета душа да сострадуваме со Него.


Започнувајќи ја денешната богослужба ние влегуваме во оваа седмица кога си спомнуваме за страдањата Христови. Но, се поставува прашањето: какви сме дошле во овој ден? Дали сме почисти, подобри, просветлени и сл.? Дали времето на Велигденскиот пост кој ние побожно го поминавме, ја смири нашата горделивост? Ние денеска стоиме во храмот со духовна смиреност и се обидуваме ништо надворешно да не нѐ вознемирува и да не нѐ засега. Ние сме дојдени кај Бога. Подготвени сме со целото наше битие да се предадеме на Господа Исуса Христа и да ги созерцаваме неговите спасителни страдања и да ги преживуваме истите, леејќи покајни солзи. Ликот на Господа Христа стои пред нас во таква величина што го обзема целото наше битие. Ништо овоземно не може да продре во нашето срце. Животните работи, желби и помисли и секојдневните обврски се оставени надвор од ѕидовите на храмот и воопшто не нѐ вознемируваат. И тоа е оправдано, бидејќи Божјите и човечките работи се неспоредливи. Нема таква мера за споредба, колку и да се трудиме да ја најдеме.


Светата Црква сите нѐ повикува да го прославиме „Неговото долготрпение". Да му оддадеме на Господа слава и благодарност за Неговиот спасителен пат кон Голгота, за смртта што ја претрпе за нас, за пролеаните солзи заради нас, за молитвата од животворниот крст произнесена за нас. Ние го прославуваме Неговото неискажливо долготрпение, кое се потврдува со Неговата голема саможртвена љубов кон севкупниот човечки род. Од љубовта Божја нашиот Спасител се издигнал на крст. Со љубов бил проникнат и Неговиот последен здив. Со љубов Господ ја уништи смртта и на луѓето им го покажа патот кон спасението. Ништо не може да се оствари без љубов. Но, и самиот Бог е љубов (1 Јн. 4, 16).


Еве и ние доаѓаме во светиот храм да ја искажеме нашата љубов кон нашиот Спасител Господ Исус Христос и да застанеме пред Бога со љубов и покајание и со скрушени срца. Да не допуштиме ништо надворешно да нѐ растревожи, бидејќи во овие свети денови нашите очи и мисли треба да се насочат кон страдалниот Господ, Кој од нас го очекува нашето покајание за да ни подари спасение, посведочувајќи ја Својата сепобедителна љубов кон нас со Неговата голема долготрпеливост.


Учествувајќи денеска во овие страдални мигови на нашиот Спасител, да пристапиме кон Него, да ги оставиме сите наши слабости и гревови, да го отфрлиме стариот човек и да побараме покајание за сѐ што сме згрешиле, па да се надеваме на милоста Божја за да Го прославиме Господа Кој оди на страдање. Тој со Неговото неискажливо милосрдие да нѐ издигне со Себе и нас умртвените од гревот како добар и човекољубец. Амин.


Велики понеделник
Храм „Пресвета Богородица-Каменско",Охрид
13.04.2020 год.

 

velponed2020 1velponed2020 2velponed2020 3velponed2020 4velponed2020 5velponed2020 6velponed2020 7velponed2020 8velponed2020 9velponed2020 10 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5