„Господи, од устата на децата и доенчињата си примил похвала од слугите Твои, за да го победиш непријателот, и со Твоето страдање на крстот да го искупиш древниот пад Адамов, со дрвото да го воскреснеш него, кој Ти пее песна победничка“ (песна од канонот на Утрена на Цветници).

 

На 12.04.2020 година, во Неделата Цветна - Цветници, кога го прославуваме Христовото влегување во Ерусалим, во манстирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манстирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

best shoes | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денешното Евангелие ни раксажува (Јн 12, 1-18) за тоа како нашиот Спасител Господ Исус Христос торжествено влегол во Ерусалим пред Неговото страдање. Овој настан се случил во четвртата година откако Христос излегол на јавна проповед. По свеченото влегување на Христос Му претстои да пострада за родот човечки и да претрпи распнувања и крст за нас грешните. Синот Божји дефинитивно знаел за тоа и на Своите ученици им зборувал дека ова ќе се случи. Откако очигледно за мноштво народ Тој го воскреснал од гробот Својот пријател Лазар, веста за чудото се пренела со голема брзина. Како што знаеме, во домот на Лазара, сестрите на умрениот, на Христа Му приредиле трпеза. Едната сестра зела сад со скапоцен мирис и ги измила нозете на Господа, а со својата коса ги избришала. Во тој миг собата се исполнила со благоухание. Христос не се споротивставил на оваа постапка, туку ја прифатил како угодна на Бога. Многумина што биле тука не го разбрале ова, па почнале да ја осудуваат Марија. Но, Христос ја заштитил со зборовите: „Оставете ја, бидејќи таа Ме подготвува за погребение. Сиромашните ги имате секогаш покрај вас, а Мене ќе Ме немате".


Господ Исус Христос направил многу чуда. Но, ниту едно не предизвикало толкава јарост, завидливост и омраза кај јудејските првенци како воскресението на Лазара. Токму ова чудо било причина што така големо мноштво народ Го пречекало Христа свечено во Ерусалим. Народот Го дочекал со извици, со постилање на облека и палмови гранчиња по патот и со воскликот: „Осана, благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово". Народот мислел дека им доаѓа царот кој ќе го воспостави Израилското царство. Тие не разбрале дека Господ Христос не е земен, туку небесен Цар, Кој ќе го воспостави вечното Царство. Христос влегува во Ерусалим на младо осле, со што се исполнуваат старозаветните зборови на пророкот Захарија (9,9). И покрај тоа што Христа Го дочекуваат како Цар и како ветениот Месија, да погледнеме што ќе се случи после само неколку дена. Истите тие луѓе, поттикнати од првосвештениците и старешнините ќе повикаат: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!" (Мт. 27, 25).


При средбата со Господа луѓето ги постилале своите алишта и фрлале палмови гранки, искажувајќи восхит како при дочек на овоземен цар. Да се удостоиме и ние да Го сретнеме Синот Божји и да го уподобиме нашиот живот со свежа земна палма, пренесувајќи великопосни духовни плодови, благоугодни на Бога и на нашите ближни. Господ влегол во Ерусалим не за сопствена слава, туку за доброволно да пострада и тоа на крст. Со тоа, Он ни дава пример на сите дека преку страдања, распнување и крст, Господ влегол во Својата слава. И ние кои се трудиме да се здобиеме со божествената слава да бидеме спремни за саможртва. Ние сме должни да се спротивставиме на сите наши гревови, страсти, беззаконија и на своето самољубие. За себе треба да го бараме не она што според човечкото размислување е неопходно за нашето тело, туку она што е благоугодно на Бога и за спасение на нашата вечна душа.


Се завршува уште еден Велигденски пост. Но, што е нашиот живот? Имено, со светата Четириесетница не завршуваат нашите подвизи и трудови за духовната борба на воздржување и покајание и наше исправување. Пред нас е Страсната седмица кога ги спомнуваме страдањата на Господа Христа. Синот Божји сега влегува во Ерусалим. Луѓето ликуваат, но срцето на Спасителот е исполнето со голема тага. За оние што гинат, Синот Божји пролева горки солзи. Па да си го поставиме прашањето: Дали Господ плаче и за нас кои се наоѓаме во овој свет храм и манастир? Да ги соблечеме нашите облеки на гревот и побожно да принесеме цвеќе на Спасителот, со нашата вистинска православна вера и христијанска надеж за идниот вечен живот. Да Го исповедаме Господа Исуса Христа, не само како Цар на видливиот и невидливиот свет, туку како вечен Цар и Спасител на нашите срца и души. Амин.


Цветници
Манастир „Св. Наум Охридски" Охрид
12.04.2020 год.

 

cvetnici2020 1cvetnici2020 2cvetnici2020 3cvetnici2020 4cvetnici2020 5cvetnici2020 6cvetnici2020 7cvetnici2020 8cvetnici2020 9cvetnici2020 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5