„Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие“ (хвалитна стихира на Утрена во Прва недела од Великиот пост).

 

На 08.03.2020 година, во Првата недела од Великиот пост - Недела на православието, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

latest Running Sneakers | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Првата недела од Велигденскиот пост ја нарекуваме Недела на торжество на православието. Така се нарекува оваа недела, бидејќи прославуваме и си спомнуваме за едната, света, соборна и апостолска Црква, која силно и непоколебливо ја сочувала верноста на православието. Со сета полнота на својата вистина, христијанството пребива во православната Црква. Исто така, само во неа е можно спасение и наследување на вечен живот. Светата Црква Христова се јавува како наша раководителка и патеводителка во Царството небесно. Да се биде православен христијанин значи да се исповеда слава која ни е откриена од Господа за правилно да се слави Бог. Непоколебливо и ревносно да ја заштитуваме православната Црква од сите лажни учења и ереси. Во својата долга историја, Црквата Христова имала многу лажни учители кои и нанесувале огромни штети, смутови и вознемирувања. Но, сите тие искушенија, Црквата Христова ги надминала и ја сочувала чистотата и верноста на вистинската вера. Колку маченици и исповедници православната Црква дала за запазување на вистината и правдата! На Црквата Христова, глава е самиот Господ Христос, а сите ние сме браќа и сестри и нејзини членови. Таа е како еден благословен брод кој нѐ води кон сигурно спасение, независно од сите бури и ветрови што го зафаќаат. Но, тој брод независно од сè, со силата Божја плови и не дозволува да биде потопен и да го промени својот правец кон Царството Божјо. Така било во минатото, така е сега, така ќе биде и во иднина.


Сега да кажеме и неколку збора за историскиот момент на настанувањето на овој празник. Во почетокот на VIII век се појавило едно еретичко учење, кое се спротивставувало на почитувањето на иконите и фреските. Ова учење последователно ќе биде поддржувано од повеќемина византиски императори, кои ќе започнат сурови прогони против почитувачите на иконите. Во 787 г. во Никеја, денешна Турција ќе биде свикан Седмиот вселенски собор, каде иконоборството ќе биде осудено како ерес и ќе биде утврдена верата за почитување на светите икони. Но, и покрај тоа, иконоборството ќе продолжи уште скоро половина век да се бори против иконите, па дури во околу 842 г. царицата Теодора и патријархот Методиј на свечен начин повторно ќе ги внесат иконите во катедралата Света Софија во Цариград. Во чест на оваа свеченост, светата православна Црква го вовела овој празник во првата недела од Велигденскиот пост.


Можеби некој ќе постави прашање: зошто Црквата толку силно се борела за да го заштити почитувањето на иконите? Пред да одговориме на ова прашање, треба да поставиме уште едно прашање: како и зошто е создаден првиот свет образ на иконата? Одговорот на ова прашање е сосема логичен и е потресен. Живото и природно изобразување во образот на Својот вечен и единороден Син, преку воплотувањето го изразува Самиот Бог. Господ Исус Христос дојде во овој свет воплотувајќи се преку света Дева Марија и јавувајќи се на луѓето како жива икона на Отецот небесен. Затоа ние велиме дека првиот образ на невидливиот Бог нам ни го дал видливиот Син на Отецот небесен. „Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави"(Јн. 1, 18).


Овие Велигденски пости да ги исползуваме така што сите наши молби и прозби ќе ги насочиме кон нашето духовно воздигнување и ќе ја научиме нашата православна вера. Така во нас секогаш ќе свети името на Господа и ќе бидеме удостоени да ги слушнеме зборовите на нашиот Господ Христос: „Секој кој Ме исповеда пред луѓето, него и Јас ќе го исповедам пред Мојот Отец небесен" (Мт. 10, 32). Амин.


Недела на православието
Храм „Свети Никола Геракомија", Охрид
08.03.2020 год.

 

1nedevp2020 11nedevp2020 21nedevp2020 31nedevp2020 41nedevp2020 51nedevp2020 61nedevp2020 71nedevp2020 81nedevp2020 91nedevp2020 101nedevp2020 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5