„Од сите краишта те фалат славејќи те и со љубов ти викаат: радувај се, книго света, во која со прст се напиша Словот на Отецот, Чиста. Него моли Го во книгата на животот да се запишат слугите твои, Богородице“ (песна од канонот на Мало повечерие кога се служи Акатист на Пресвета Богородица).
На 06.03.2020 година, во петокот од Првата седмица на Великиот пост, во поладневните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужен првиот акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски. По завршувањето на Акатистот, многубројниот верен народ пристапи да ја целива акатистната икона на Пресветата Мајка Божја.
url clone | NIKE AIR HUARACHE





