На 12.02.2020 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид, под претседателсто на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На Состанокот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2019 година, а беше прифатен и Предлог буџетот за 2020 година. На истиот беа разгледани и повеќе прашања од важен карактер за Епархијата. На Состанокот присуствуваа сите членови, во состав:
- архимандрит Нектариј (Најдоски) - Охрид
- протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески - Охрид
- протоереј Васко Голабоски - Струга
- Д-р Светослав Маџаров - Охрид
- Д-р Сашо Цветковски - Струга
- Г-дин Владимир Толески - Кичево и
- протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на состанокот.





