„Отецот благоволи, Словото стана тело, и Дева Го роди Бога Кој се вочовечи; ѕвездата навестува, Мудреците се поклонуваат, пастирите се чудат, а тварта се радува“ (хвалитна стихира на Утрена на Собор на Пресвета Богородица).
На 08.01.2020 година, денот кога го празнуваме празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица - Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово.
Nike air jordan Sneakers | New Balance 247 "Castlerock" Buy Now , SneakerNews.com





