Денот на Рождеството на Богомладенецот Христос е ден што носи радост за сиот свет, а особена радост претставува за оние со најчисти невини срца - дечињата. А таа радост се надополни и преку традицијата да се израдуваат најмладите со пригодни поклони, која продолжи и оваа година. Имено, во просториите на Митрополитскиот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ги прими дечињата на свештенството и вработените во нашата Епархија. Дечињата му го честитаа Рождеството Христово на Дедо Владика, а Митрополитот, како вистински духовен татко, им подари пригодни пакетчиња и ги поздрави со христијанскиот поздрав: Христос се роди!
latest Running Sneakers | Nike Dunk Low Disrupt Pale Ivory - Grailify





