На 17.09.2019 година, на празникот на св. пророк Мојсеј Боговидец и на св. свештеномаченик Вавила, во храмот „Св. пророк Илија“ во Квинбијан, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Адмнистратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Ѓорѓи Митев, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На крајот, беше извршен чинот на Мал водосвет и беа осветени новите фрески. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

affiliate link trace | New Balance 991 Footwear

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


На свети преподобен Нил Синајски му припаѓа една мисла, според неговите зборови „ние се приближуваме кон Бога, во толкава мера во колкава ние го правиме нашиот подвиг". Оваа мисла е многу убава и треба добро да ја запомниме. Со други зборови не е можно да се приближиме кон Бога ако не правиме подвиг.


Ние, од историјата знаеме дека луѓето прават подвиг со вложување на огромна сила, па понекогаш дури и ги жртвувале своите животи. Токму со подвизи се одликуваат и најсветлите и најсјасните страници во историјата. Таму каде што има подвиг, таму има и победа. Каде што е подвигот, таму е и славата. Не може да има ниту победа, ниту слава без подвиг. Сето ова најпрво се однесува на историјата на светскиот живот. Но, во многу кратките зборови на преподобниот Нил Синајски се подвекува и важноста за нашето спасение.


Зошто ние денеска зборуваме за подвиг? Затоа што денеска го прославуваме светиот пророк Мојсеј, а овој избраник Божји во Стариот завет направил огромен подвиг во неговиот живот, водејќи го Израелскиот народ во ветената земја. Тој четириесет години лутал низ пустината, поднесувајќи најстрашни подвизи на убедување и разубедување на својот народ, со цел да го запознае вистинскиот Бог и да се откаже од идолопоклонството. Тој ќе го преведе Израелскиот народ преку Црвеното море, ќе се удостои со подвиг да се искачи на гората Хорив на Синај, да ги добие камените таблици со десетте Божји заповеди и да претрпи многу други страдања и маки, со подвизи за доброто, пред сѐ на Еврејскиот народ, но и на севкупниот човечки род. Зар е мал подвиг да се појде во непознат правец со огромен народ, без да има доволно, ниту храна, ниту облека и да се оди во неизвесност и тоа не сам, туку со грижа за мноштво народ. Тоа е исклучителен подвиг.


Благодарение на подвизите, ние како луѓе и се движиме кон саканата цел, односно кон врвот. Треба да знаеме дека зборовите подвиг и движење имаат еден ист корен. Многу е опасно ако човек никаде не се движи, ако застане и ако си каже на себе дека постигнал сѐ што може да постигне во својата кариера, во својот семеен живот, во својата материјална благосостојба, во научни постигнувања и во било која друга област. Но, најопасно е ако во тоа успокојување отсуствува да се преразгледа нешто во својот живот. Применувајќи го во духовниот живот, ако ние не се движиме кон Бога, кон небото, кон нашето спасение. Движењето и подвигот се главен фактор во христијанскиот живот и без нив не постои реален христијански живот.


Подвигот на светиот пророк Мојсеј се појавува и за нас како пример. Па, да не допуштиме овој пример да исчезне од нашиот ум, па и ние кога се молиме на Божјите угодници, должни сме да молиме од нив, со еден дел од нивниот подвиг, да ни момогнат и нам, за и ние да го усвоите подвигот и да го развиваме во нашиот живот, па така да се устремиме кон Бога и Неговото вечно царство.


И управата на овој свет храм направи сериозен подвиг со тоа што смогна сили најпрво да го изгради овој прекрасен дом Божји посветен на светиот пророк Илија. Покрај градбата, се заложија истиот и да го фрескоживописаат онака како што доликува на нашата света Црква со прекрасни фрески, кои уште повеќе придонесуваат за религиозното чувство кај нашиот благочестив македонски народ кој ќе се црквува и ќе бара помош од севишниот Господ. Овие подвизи и овие жртви што ги направи управата заедно со вас, благочестиви христијани, нека Бог ги прими и да ви визврати со благослов за добро на вашето здравје и вашите семејства, а она што сте потрошиле за разубавување на домот Божји, Господ стоструко да ви го возврати. Нека е честито осветувањето на фрескоживописот на денешен ден кога празнуваме и прославуваме уште еден старозаветен Боговидец, пророкот Мојсеј. Амин.


Свети пророк Мојсеј
храм „Свети пророк Илија"
Квинбијан, Австралија
17.09.2019 год.

 

квинбијан2019 1квинбијан2019 2квинбијан2019 3квинбијан2019 4квинбијан2019 5квинбијан2019 6квинбијан2019 7квинбијан2019 8квинбијан2019 9квинбијан2019 10квинбијан2019 11квинбијан2019 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5