„Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда - слугата и измамник, не слушна“ (икос на Утрена на Велики Четврток).
На 25.04.2019 година, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на Тајната вечера, миењето на нозете, свештената молитва и предавството Јудино, во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ја истакна важноста на денешниот празник за Црквата Христова.
Authentic Sneakers | Men's Footwear





