„Причино за радоста, облагодати ја нашата помисла, за да ти викаме: Радувај се, несогорлива капино, облаку најсветол, кој непрестајно ги засенуваш верните“ (песна од канонот на Акатист на Пресвета Богородица).
На 15.03.2019 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Првата статија од Акатистот на Пресвета Богородица, на кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Акатистот, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Горан Ставрески се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Мајката Божја во домостројот на спасението на човечкиот род.
Asics footwear | Nike





