„Богомудар свети Партение, чудотворче Богоносецу, ти си ја примил божествената благодат да правиш чудеса, очистувајќи ги сите страсти на верните, и изгонувајќи ги духовите на лукавството. Поради тоа те воспеваме, како тајник на големата благодат Божја“ (кондак на преп. Партениј епископ Лампсакиски).

 

На 20.02.2019 година, денот кога го прославуваме свештениот спомен на преподобниот Партениј епископ Лампсакиски, како и по повод именденот на игуменот на Бигорската обител, архимандритот Партениј, во манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Партениј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештениците Миле Ангелоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Силуан и Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. 

latest Running Sneakers | Men's Footwear

По завршувањето на Литургијата, свештенослужителите, со свечена литија, дојдоа на подготвеното место за изградба на нов конак, каде што со пригодни молитви го поставија камен темелникот за новиот конак, лоциран на манастирскиот паркинг простор. Конакот ќе го гради фирмата „Агноандика“ и изведувачот Рединг ДООЕЛ Скопје, по проект на Виадукт Скопје. Од името на Епархијата, му го честитаме именденот на високопреподобниот архимандрит Партениј, со желби и молитви Господ Бог да го крепи во неговиот подвиг, а за уште поголеми успеси на патот на Христовите заповеди. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.    

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, во светото Евангелие вели: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен" (Мт 5, 48). Ова значи дека христијанскиот пат не завршува во овој свет. Никој од нас не може да рече дека ја постигнал целта на животниот пат, ниту, пак, може да каже дека направил сè што требало да направи во неговиот живот. Во текот на севкупниот негов живот, човекот е должен да се издигнува кон Господовата гора. Да се издигнува додека не стаса на целта, односно во царството Божјо, во својата небесна татковина.


Овој пат, во главно е стрмен и е исполнет со најразлични препреки и тешкотии. Христијанинот постојано е во опасност од многу бури. Животот на христијанинот е како еден брод во морето. Затоа, потребна е постојана будност и внимателност. Потребна е будност човек да не потоне во морето. Да не потклекне пред тешките предизвици на животот и на искушенијата коишто се од најразлични видови. На бродот можат да бидат исправни сите машини, сите погони и сите останати справи, но, доволно е да има една мала дупка, којашто може да се направи на една гнила штица, па да влезе вода и да го потопи целиот брод. Така често се случува и во морето на човековиот живот. Поради една мала грешка, којашто ќе придонесе за затајување на човековата совест, во душата на човекот можат да продрат големи и мали пороци, коишто го натопуваат човекот во морето на злото и на пеколот. Христијанскиот пат не е само долг, колку што е и севкупниот овоземен живот, туку, тој е и многу тежок. Само со пот и мака се стекнува сето она што е драгоцено и вредно за животот. Самиот Господ Христос на тоа ни укажува кога вели: „Тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот" (Мт 7, 14). Најважен извор на сила на тој христијански пат е големата вера во Бога и во Неговата помош. За тоа нè поучува Самиот Господ кога вели „Ако можеш да поверуваш? Сè е можно за оној што верува!" (Мк 9, 23).


Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу други места. Својата личност може да ја растргнува на најразлични работни задачи. Но, како христијанин, должен е да ја облагородува секоја своја работа. На секоја работа треба да свети, не само со трудољубивоста, туку и со секоја друга христијанска добродетел. Христос ни заповеда: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни" (Мт 5, 16). На било која должност да се наоѓа христијанинот, треба да знае дека извршува Божја работа и дека најпрво е одговорен пред Бога. Никој нема право да каже: Јас во храмот сум пред Бога и тука Му се молам и тука разговарам со Него. Додека, пак, на другите работни задачи, не сум одговорен пред Бога, туку пред луѓето. Но, таквото размислување не е христијанско. Вистинскиот христијанин, се чувствува подеднакво одговорен пред Бога со своето однесување како во семејството, во црквата, па така и на сите останати негови патишта.


Нашиот Спасител вели: „Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона" (Мт 6, 24). Со други зборови, не е можно човекот да се дели, кога во прашање се неговите постапки и неговите одговорности пред Бога. Човекот е одговорен за сè што работи и за сè што зборува. Никој не може да рече дека е христијанин, кога во прашање е Божјата заповед не кради го својот ближен. А дали истото важи кога е во прашање државата или одредено претпријатие? Секако! Бидејќи да се украде од државата значи да се краде од сите граѓани на таа земја. Тоа е исто така голем грев како и кражба од било кој човек. Св. ап. Јаков не поучува „Оти, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сè" (Јк 2, 10). Со други зборови, не е доволно човек да оди по Христа само понекогаш и донекаде. Вистински христијанин е оној кој оди по Него по сите патишта на животот и чиешто срце непрестајно, дење и ноќе, предадено е на Христа.


И ние денеска, кои сме собрани во овој свет манастир, да го прославиме светиот Партениј Лампсакиски. Да се угледаме на неговиот свет и ревносен христијански живот. Та од неговата ревност, нека излие во нашето кандило масло, коешто ќе свети со вистинска светлина и ќе нè води кон Христа за вечен и блажен живот. Амин!


Ја користам оваа прилика, во името на браќата свештенослужители, на игуменот на оваа света обител, архимандритот Партениј, да му го честитаме именденот и да му посакаме секое добро од Севишниот, од патронот на овој свет храм и од неговиот небесен заштитник.

 

Св. Партениј Лампсакиски
20. 02. 2017 година
ман. „Св. Јован Крстител" – Бигорски манастир

 

preppartenij2019 1preppartenij2019 2preppartenij2019 3preppartenij2019 4preppartenij2019 5preppartenij2019 6preppartenij2019 7preppartenij2019 8preppartenij2019 9preppartenij2019 10preppartenij2019 11preppartenij2019 12preppartenij2019 13preppartenij2019 14preppartenij2019 15preppartenij2019 16preppartenij2019 17preppartenij2019 18preppartenij2019 19preppartenij2019 20preppartenij2019 21preppartenij2019 22preppartenij2019 23preppartenij2019 24preppartenij2019 25preppartenij2019 26preppartenij2019 27preppartenij2019 28preppartenij2019 29preppartenij2019 30preppartenij2019 31preppartenij2019 32preppartenij2019 33preppartenij2019 34preppartenij2019 35

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5