„Остварувајќи ја твојата желба, Параскево, од небото го слушна гласот на Бога. Тогаш ревносно ја водеше твојата трка, света маченице и, кога ти беше отсечена твојата скапоцена глава, ти потрча кон Христа и прими многуценето достоинство“ (песна од канонот на Утрена на преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2018 година, денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и на светиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

url clone | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Во светото Евангелие се вели: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене!" (Лк 9, 23). Овие зборови на нашиот Спасител Господ Исус Христос имаат исклучителен повик, за секој кој поверувал во Него. Во нив се содржи вистинската смисла на христијанскиот повик. Доколку во нашиот живот сме ги практикувале овие зборови, по тоа ќе се суди за нашата искреност и преданост кон Христа и за тоа дали сме Негови вистински ученици. Овие зборови, во историјата, а и денеска, предизвикуваат силен впечаток на сите коишто ги слушаат, независно дали се повикани или, пак, неповикани. Оние, кои со вера во Христа, ги примиле, постанале угодници Божји, постанале светилници запалени од Бога во Неговата света Црква. Духовно израснале до совршени луѓе според мерата и образот на Божјиот Син.


Овие зборови, примени со искрено срце, извршиле вистинско преобразување, не на еден човек, туку, на безброј луѓе. Грешници се издигнале во праведници. Слаби луѓе во силни подвижници во доброто и верата. Колебливите, пак, кои биле носени од ветровите на овој свет, постанале цврсти столбови на совеста и на доброто. Зборовите кои повикуваат кон Христа, одѕвонувале во многу срца. Одѕвонувале, а продолжуваат и денес да одѕвонуваат и ќе ѕвонат и во идните генерации, предизвикувајќи восхит и преобразување. Овие зборови водат кон живот во Христа, а со тоа, кон христијанската одговорност.


Светата преподобно – маченичка Параскева – Петка, чиј спомен денес го прославуваме, уште од најмлади години ги слушнала овие Христови зборови и го отворила своето срце за Христа, постанувајќи образец на самоодрекување. Зборовите за самоодрекување одлично ги разбрала, затоа што само чистите срца можат да проникнат до најдлабоката искреност. Преку чистотата на овие зборови и на овие повици, во ова призвание може да се види една Божествена длабочина. Живеејќи во Христа, ќе ја најдеме смислата на нашето постоење, односно преку Него ја гледаме вечноста, онака, како што преку чистата и бистра вода го гледаме дното на потокот или на бујната планинска река.


Света маченичка Петка, од најрана младост Го засакала Христа и Го следела, носејќи го крстот на верата и на животот. Родена во Рим од богати родители, но со силна и непоколеблива вера, непрестајно се откажувала од себеси. Од младини се покажувала добродетелна кон сиромасите, а по смртта на нејзините богати родители го раздала својот имот и почнала да Го проповеда Христа Распнатиот и Воскреснатиот. Треба да знаеме дека св. Петка живее во Рим во времето кога христијанството била забранета религија и била прогонувана од страна на Римските императори. Живеејќи отшелнички, таа од никого не се плашела да го слови словото Божјо. Прославувајќи Го Бога преку подвиг, постанала проповедник на верата и на љубовта. Во права смисла ги разбрала зборовите на Господа Христа, дека по Него треба да се оди со убеденост и самоодрекување. Потполно го разбрала живиот дух на проповедта Христова, дека најдобро се проповеда преку пројава на верата во љубовта, но потврдена во личниот живот. Затоа Господ Исус Христос проповедаше непрестајно усовршување на луѓето, како пат кон спасението. Секој Негов збор е повик кон совршенство. Врховен идеал на совршенството е Самиот Бог. Самиот Господ Исус Христос проповедаше со Својот живот, со Своето смирение и кротост. Проповедаше со Својата самоодреченост во исполнување на волјата Божја, со љубов кон луѓето. Благовестеше со Својата чистота и со Својата спремност, исполнувајќи ја волјата на Бога Отецот, Самиот да се принесе како непорочно Јагне за спасение на луѓето.


Верата сама по себе е дар Божји и без неа никој не може да Му угоди на Бога и да проповеда за Исуса Христа. Напразно се трудат да проповедаат за верата во Христа луѓето кои не се проникнати длабоко во нивните срце со вера. Верата без љубов и без дела, сама по себе е мртва (Јк 2, 17). И ние сме проповедници на нешто. Многу често ние сме проповедници, не на доброто, туку на злото. Не на вистината, туку на невистината. Не на добродетелниот живот, туку на гревовниот. Дали со тоа не им даваме лош пример на нашите ближни и на луѓето кои ги сакаме?


Ако сме вистински почитувачи на Божјите угодници, ако одиме во Божјите храмови и вознесуваме искрени молитви за да бидеме удостоени од Божјата милост, за да постанеме добри христијани, потребно е угодниците да ги подражаваме и така да постанеме благовесници Христови. Тоа ќе биде полнотата на нашиот живот. Украсот на нашите срца. Залогот за нашето спасение и постојан извор на вечната радост. Амин!

 

Св. Петка
08.09.2018 год.
Храм „Св. Петка" – Манастир „Св. Наум Охридски"-Охрид

svpetkalet2018 1svpetkalet2018 2svpetkalet2018 3svpetkalet2018 4svpetkalet2018 5svpetkalet2018 6svpetkalet2018 7svpetkalet2018 8svpetkalet2018 9svpetkalet2018 10svpetkalet2018 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5