„Твојата свештена риза, со којашто си го покривала твоето свето тело, Чиста и Богоблагодатна, на сите верни си им ја дарила како облека на нераспадливоста; со љубов го празнуваме нејзиното полагање, и со страв ти викаме: Радувај се, чиста Дево, пофалбо на христијаните“ (кондак на Утрена на празникот Полагање на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна).

 

На 15.07.2018 година, на празникот Полагање на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Наум Деспотоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се задржа на значењето на празникот, и на Мајката Божја, како наша посредница во сите добра, од чија духовна риза се излеваат изобилни реки на застапништво и мајчинска љубов.

Authentic Sneakers | Sneakers

 

svnaumnedpopetr2018 1svnaumnedpopetr2018 2svnaumnedpopetr2018 3svnaumnedpopetr2018 4svnaumnedpopetr2018 5svnaumnedpopetr2018 6svnaumnedpopetr2018 7     

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5