„Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха преведувајќи нѐ. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (светилен на св. вмч. Ѓорѓи Победоносец).

 

На 07.05.2018 година, ден по празнувањето на светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец, а според одамна воспоставената традиција, градот Струга повторно го прослави својот заштитник, светиот великомаченик Ѓорѓи, прославувајќи го како непобедлив борец, кој со своите храбри подвизи ги весели небесните сили, а нас на земјата нѐ поткрепува и ни го покажува патот на спасението. Торжествениот ден започна со света архиерејска Литургија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петре Бојчиноски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците и ги поучи со пригодно слово.

Nike footwear | Men’s shoes

 

Прославата на Маченикот Христов продолжи во вечерните часови со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакарачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, најпрво Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме, а потоа се отслужи Парастос за сите порано упокоени ктитори, свештенослужители, дарители, служители и сите кои зеле дел од животот на овој свет храм. Откако заврши Парастосот, неизбројниот верен народ, предводен од Митрополитите, свештенството и монаштвото, тргна на свечена литија низ градот Струга, објавувајќи го Воскресението Христово и прославувајќи го маченикот Ѓорѓи. Литијата ја красеа многуте рипидоносци, свеќоносци, знаменосци, а особена убавина беа многуте дечиња облечени во народни носии, кои сведочеа за неискажливата благодат на Воскреснатиот Христос. Како и години наназад, литијата беше збогатена од прекрасните звуци на Градскиот оркестар на град Скопје, а оваа година истите беа надополнети и од прекрасните гласови на членовите на ансамбл „Македонија“. Освен чудотворната икона на светиот вмч. Ѓорѓи, оваа година беше носена и чудотворната Крнинска икона на Мајката Божја од манастирот Пречиста Кичевска, а оваа година, големата чест да ги носат моштите на светиот Великомаченик имаа: Ненад Николовски и Богољуб Дишлиоски од Струга, Љупчо Најдески од Охрид и Кире Божиновски од Битола. На свечената Литија, учество зеде и градоначалникот на Охрид, г-дин Јован Стојаноски, заедно со сопругата. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу,

великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души  (тропар на св. вмч. Георгиј)

Драги браќа и сестри,

За да се рашири и да торжествува верата во Господа Исуса Христа низ целиот свет, била проповедана од дванаесетте Христови апостоли. Го проповедале Христа Распнатиот и Воскреснатиот. Но, таа вера во Господа Христа да се зацврсти и да се утврди, не биле доволни само апостолите, туку, потребна била и маченичка крв. Таа маченичка крв ќе постане семе за раѓање нови христијани. Крвта на мачениците, всушност, ќе биде зацврстување на верата и преданост на Црквата. Крвта на мачениците е најголемиот влог за вистинитоста на Евангелието и науката Христова.


Токму таков свидетел – маченик, денеска светата Црква прославува. Денес го прославуваме светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Овој Божји слуга живеел во времето на најголемиот гонител на христијаните, императорот Диоклецијан, кој владеел од 285 до 305 година. И пред него, а и по него имало гонители на христијанството, но, ниту еден не бил посуров и пожесток гонител на Црквата Христова.


Од житието на св. вмч. Георгиј знаеме дека уште од млади години бил воспитан во христијанството, и покрај тоа што изучил воени школи и станал воен управител во Кападокија. Со својата храброст се истакнувал во воените потфати и затоа бил многу ценет и унапредуван од страна на императорот Диоклецијан. Но, кога, во почетокот на IV век императорот започнал борба и прогонство на христијаните, св. Георгиј одлучил јавно и гласно да Го исповеда Христа. Преку јавното исповедање, тој се подготвувал за маченички крај. Така, подготвувајќи се за преселба во вечноста, го разделил богатиот имот на сиромаси. Ги ослободил своите слуги и отишол во Никомидија, каде што заседавал императорскиот совет, кој, кроел план за истребување на христијаните. Влегувајќи во просториите на заседанието, со силен глас извикал: „Почитуван императоре, почитувани императорски соработници, престанете да ги прогонувате и да ги убивате христијаните. Немој да велите дека тие со својот живот го кршат законот!" За тие зборови св. Георгиј бил предупреден од страна на императорските поданици, и го прашале: „Дали и ти си христијанин?" Св. Георгиј силно и гласно одговорил дека е Христов слуга, и дека тука дошол да протестира против неправдите коишто им се нанесуваат на христијаните. Тогаш настанала општа побуна поради зборовите на св. Георгиј и поради неговото јавно исповедање на Христа. Императорот, за да ги смири луѓето, зел збор, а сѐ со цел, да го придобие својот сакан војсководец, му се обратил со ласкави зборови: „Георгиј, те познавам подолго време. Ти дадов висока положба. Поради твоите големи воени заслуги, спремен сум да ти опростам за овие твои дрски изјави, но, само принеси им жртва на идолите". На тоа, св. Георгиј одговорил: „Подобро е императоре ти да Го прифатиш Христа за свој Бог, а јас немам никаква намера, по било која цел, да се откажам од мојот Бог, Кој е единствениот вистински, и немам намера на лажните кипови и богови да им принесувам жртви". Поради овие јасни и недвосмислени изјави, св. Георгиј бил фрлен во затвор и бил подложен на најразлични измачувања. Измачувањата продолжиле подолго време, со иста цел, но, откако и самиот император, а и неговите истомисленици се увериле во убеденоста на св. Георгиј, го погубиле. Св. Георгиј својата вера во Христа ја потврдил со својата невина крв и пострадал за Христа, онака како што пострадал претходно и неговиот татко.


Житијата на Божјите угодници нѐ поучуваат, а истовремено и нѐ поттикнуваат кон испитување на нашата вера, на нашата одданост и на нашето исповедание на Господа Христа. Дали ние, кои се нарекуваме православни христијани, сме спремни да се откажеме од било каква земна благодет, за возврат и надеж на царството небесно? Дали ние сме спремни да дадеме помош на сиромаси, на страдалници, да посетиме болни, изнемоштени, старци, сираци и слично, или, пак, се задоволуваме со тоа што, од време на време, ќе појдеме во светиот храм, ќе запалиме свеќа, ќе го прекршиме празничниот леб, и со тоа сметаме дека сме ја исполниле волјата Божја и сме го оправдале името христијанско. Сето тоа е потребно и корисно, но, не е доволно. Потребно е искрено самосознавање на себеси, поправање на нашиот животен пат, па така, не само формално да се нарекуваме Христови ученици и следбеници, туку, суштински да живееме во нашата вера во Господа Христа, бидејќи во Светото писмо се вели „Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот" (Откр. 2, 10).

 

Христос воскресе!
Св. Георгиј моли Го Бога за нас!

 

Свечена Литија во Струга
07. 05. 2018 година
Храм „Св. вмч. Георгиј" – Струга

 

eordija2018 1eordija2018 2eordija2018 3eordija2018 4eordija2018 5eordija2018 6eordija2018 7eordija2018 8eordija2018 9eordija2018 10eordija2018 11eordija2018 12eordija2018 13eordija2018 14eordija2018 15eordija2018 16eordija2018 17eordija2018 18eordija2018 19eordija2018 20eordija2018 21eordija2018 22eordija2018 23eordija2018 24eordija2018 25eordija2018 26eordija2018 27eordija2018 28eordija2018 29eordija2018 30eordija2018 31eordija2018 32eordija2018 33eordija2018 34eordija2018 35eordija2018 36

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5