На 16.04.2018 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го посети манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк, Австралија. Митрополитот беше пречекан од игуменот на манастирот Гаврил и членовите на Управата на храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Прес. Богородица“ Епинг, Мелбурн, на чело со претседателот г-дин Мирчо Ангеловски, под чија управа се наоѓа и манастирот. Управата и игуменот Гаврил го информираа Митрополитот Тимотеј околу подготовките за преосветувањето на манастирот, а неизбежна беше констатацијата од страна на Митрополитот за заживувањето на манастирот и зголемената посетеност по ангажман на Управата, а особено по доаѓањето на игуменот Гаврил во овој наш свет манастир. Митрополитот го пофали нивниот труд и несебична ангажираност во афирмацијата на Македонската православна црква во Австралија и на македонскиот народ, со желби и молитви кон Воскреснатиот Спасител, Он да им дава уште многу крепост, здравје и сили, та уште повеќе да работат за доброто на Црквата, а за тоа да ја добијат наградата на верните и мудри градители.
latest jordans | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD





