„Во Тебе се радува сега Црквата, Човекољупче - Својот Младоженец и Создател, Кој по Својата божествена волја ја избави од идолската измама, и ја сврши за Себе со чесната крв, светло примајќи го свештеното враќање на иконите и, радувајќи се, верно Те слави и Те воспева“ (хвалитна стихира на Утрена во Прва недела од Великиот пост).

 

На 25.02.2018 година, во Првата недела од Великиот пост, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Sportswear Design | nike 2015 hyperdunks orange women shoes sale event for Women & Men - Buy Online - Fitforhealth

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашата света Црква е наша вистинска духовна мајка. Таа постојано се грижи за нашето спасение и за вечниот живот. Така, изминатите недели нè подготвуваше за почетокот на овој Велигденски пост. Последната недела од подготвителните недели, ни зборуваше за протерувањето на Адам од рајот. Денеска, пак, Црквата нè повикува да го прославиме торжеството на Православието, односно, торжеството на нашата вера.


Овој временски период треба да се разбере како еден долг период, во кој, Божјата љубов, на најразлични начини се манифестирала за спасение на родот човечки. Уште со создавањето на првиот човек, односно на нашите прародители, Бог им дал закон според кој требало да се владеат, а преку тоа, да имаат живот во изобилие и општење со својот Творец. Но, Адам го наруши тој закон и поради тоа беше казнет, а со тоа, му се одзеде можноста да општи директно со Бога. Преку адамовиот престап, гревот се всели во севкупниот човечки род.


Бог не го остави човечкиот род без Својата промисла и без Својата грижа за неговото избавување од гревот. Во крајна снисходливост, Бог влегува во човековата историја. Така, најпрво му се јавува на Авраама и му вели да се пресели од Харан во Ветената земја, односно, Палестина и му вели: „Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас!" (1. Мој. 12, 1). Аврам бил разумен човек и многу богат. Имал голем имот и стока и не било едноставно да се пресели преку пустини. Но, тој бил послушен на Божјиот повик. Остава сè и оди во Ветената земја. Таму, овој слуга Божји, ќе добие уште еден повик од Бога, да го жртвува сопствениот син. Авраам е подготвен и тоа да го направи, но, Бог, му ја задржува раката во последниот момент, пред да го убие сопствениот син. Бог го наградува за таа вера, за тој сојуз што Авраам го покажал со Бога.


Потоа, Бог во историјата влегува и со Мојсеј, кога му вели да го напушти Египет и да оди во Ветената земја. На Синај, Мојсеј ќе ги добие десетте Божји заповеди. Но, на човечката природа, огревовена уште од Адама, не и помагале ниту Авраамовиот сојуз, ниту Мојсеевиот декалог, и гревот постојано останувал во човекот. Живеејќи во грев, луѓето постојано граделе прегради и се оддалечувале од милоста Божја и од спасението.


Бог, по третпат влегува во историјата на човекот. Но, овој пат влегува на посебен начин. Влегува преку раѓањето на Единородниот Син, Господ Исус Христос, Кој Себеси ќе се принесе на голготска жртва, за да го измие гревот и да ја подигне паднатата човечка природа. Да ни даде можност, нам, кои веруваме во Него и се однесуваме и живееме според моралните закони, да бидеме избавени и спасени. Затоа Господ Христос ја основа Својата Црква, со Свој ред и поредок, со свое учење, како да веруваме и како да ја исповедаме нашата вера во Бога. Сиот тој долг пат ни е опишан во Откровението, кај светите отци и учителите на Црквата.


Првите векови Црквата била гонета од страна на надворешните непријатели, односно, од многубожечките Римски владетели. Но, верата Христова била силна. Во првите три века, безброј христијани ги положиле своите животи за верата во Христа. Крвта на мачениците, била семе за нови христијани (Тертулијан). Откако, пак, Црквата ќе добие слобода со Миланскиот едикт, во 313 година, ќе се појават внатрешни непријатели кои погрешно ќе учат за Бога и за разни црковни доктрини.


Една од последните ереси, која страшно ја измачувала, скоро два века, Црквата Христова, била иконоборството. После победата над иконоборството, 843 година, бил воспоставен овој празник, кога, на свечен начин иконите повторно биле внесени литијно во „Св. Софија" во Константинопол, од страна на Патријархот Методиј и царицата Теодора. Се сметало дека со оваа победа Црквата триумфално победува и повеќе нема да има такви сотресенија, како од надворешни, така и од внатрешни лажни учители. Во таа чест е воспоставен овој празник, односно, првата недела на Великиот пост да се прославува како победа на Православието. И покрај тоа што тогашната црковна ерархија, сметала дека повеќе нема да се појават нови погрешни учења, сепак, Црквата Христова, во периодот што следи, ќе има искушенија, но, во помали размери.


Верата Христова секогаш била искушувана, но бидејќи таа на родот човечки му е дадена од Бога, ги пребродува и ги надживува сите нејзини гонители и лажни учители. Тоа ни го потврдува апостолот на јазичниците кога вели: „Црквата на Живиот Бог е столб и тврдина на вистината" (1. Тим. 3, 15). Амин!

 

Недела на Православието
25. 02. 2018 година
Храм „Св. Никола Геракомија" – Охрид

 

1недвп2018 11недвп2018 21недвп2018 31недвп2018 41недвп2018 51недвп2018 61недвп2018 71недвп2018 81недвп2018 9 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5