На 08.02.2018 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, се одржа редовна седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија, на која беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2017 година, а беше усвоен и Предлог буџетот за 2018 година. Освен ова, на седницата беа разгледани и повеќе пристигнати акти и писма, а се расправаше и за повеќе области од тековниот живот на Епархијата.
На седницата присуствуваа:
- Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, претседател на ЕУО на ДКЕ
- Архимандрит Нектариј (Најдоски)
- Протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
- Протоереј Васко Голабоски
- Д-р Светослав Маџаров
- Д-р Сашо Цветковски
- Г-дин Владо Толески и
- Протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар и записничар на состанокот.





