„Јазикот на беседниците не може со песна да те прослави, Владичице, зашто повисоко од серафимите си се издигнала откако Го роди Царот Христос. Него моли Го овој народ да се избави од многуте искушенија“ *песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 31.03.2017 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица во овој Велики пост, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски и свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | NIKE

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Речиси помина Велигденскиот пост. Се доближуваме до Христовото воскресение. Веќе цели пет недели од Велигденскиот пост, Го молевме Бога да биде милостив кон нас, да го прими нашето покајание, и да ни ги прости сите наши престапи, грешки и гревови.


Велигденскиот период е поле на покајание. Осознавајќи ја нашата духовна слабост, молитвено бараме помош од Пресвета Богородица, но и од други Божји угодници. Бараме помош, за да се застапат за нас пред Бога, и Он да ни даде сила за да можеме да ги надминеме сите слабости за време на овој подвиг. Но, се поставува прашањето, зошто во овие денови на смирение и духовно бдеење, упатуваме толку величанија кон Бога? Зошто со таква воодушевеност и молитвеност ја славиме Божјата мајка? Затоа што секој еден од нас кој се кае, најдобро го гледа величието Божјо и се смирува. Кој се кае со искрено покајание, го гледа величието и на Божјата мајка, па затоа $ принесуваме пофалби, славословија и молби.


Оние што се каат, ја осознаваат потребата од помошта на Божјата мајка. Колку често душите на верниците прибегнуваат кон неа за помош, застапништво и покровителство. Преку цело време, верниците, со смиреност коленичат пред неа и $ се молат. Само колку голема помош имаат примено од неа, и колку голема радост. Таа е навистина, како што слушнавме вечерва во црковната песна, чаша која црпи радост за верниците. Затоа, за време на покајание, го созерцаваме милосрдието кое е светло на Божјата мајка, вознесувајќи $ пофални песни и славословија.


За време на акатистос го слушнавме извонредниот радосен поздрав: Радувај се невесто неневесна, и многу пати: Радувај се, радувај се! Многу пати го употребивме овој поздрав кон мајката Божја. Поздрав кој извира од длабините на нашите срца и души. Во него, Боговдахновениот поет, ја искажал длабоката морална и догматска вистина на нашата вера. Тоа не е само поетска вештина, туку, се изразува созерцанието на вистината на нашата вера и учење.


Мајката Божја се нарекува мост кој ги поврзува небото и земјата. Можеби оваа споредба на некого ќе му изгледа многу обична, но, не е така. Уште во времето кога св. Дева Марија го слушнала архангелскиот поздрав радувај се благодатна, тогаш, помеѓу небото и земјата имаше длабока провалија. Провалијата ја правеше гревот на родот човечки. Една огромна река на гревови течеше и таа бездна го делеше небото и земјата. Гревот е една огромна преграда. Преграда која можеме да ја преминеме само преку Господа Исуса Христа. Се поставува прашањето, каква била духовната и моралната состојба на луѓето пред Христа? Луѓето биле од другата страна на бездната, копнеејќи за Светлината. Но, за да стигнат до таа Светлина им бил потребен мост. Тој мост е мајката Божја, оти таа Го роди Оној Кој ги поведе луѓето кон Бога. Ете каква е таа споредба на мајката Божја со мостот кој ги поврзува небото и земјата.


За време на Акатистот света Богородица се нарекува и со многу други епитети, но, сега не би можеле да ги наброиме сите, туку, може да споменеме уште една споредба. Таа споредба е скала небесна, по која Бог слезе на земјата и се овоплоти во девствената утроба. Со тоа таа постана скала и на луѓето им овозможи да се искачат на небото.


Кога ја величаме мајката Божја, ние ја осознаваме нашата немоќ. Величајќи ја, сè повеќе се смируваме и сè повеќе се каеме. Преку тоа таа ќе ни биде скоропослушна застапница и ќе ја примиме нејзината закрила, која ќе нè води по благодатниот пат кон спасението. Да се обратиме кон света Богородица со молитвената песна: Радувај се, на сите родови веселие! Амин!

 

Акатист на Пресвета Богородица
31.03.2017
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" - Охрид

 

5акат2017 15акат2017 25акат2017 35акат2017 45акат2017 55акат2017 65акат2017 75акат2017 85акат2017 95акат2017 105акат2017 11 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5