„Вистинската ревност ја возљуби, имајќи Го Христа како котва најсигурна, Неговиот лик ни го остави, пред да заминеш кај Него, за утеха, оче Константине и слава на Троица“ (Хвалитна стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2016 година, денот кога го чествуваме споменот на светиот апостол и евангелист Лука и на светиот Констанин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | 『アディダス』に分類された記事一覧

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

 

„Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците"
(Јн. 10, 11)

 

Драги браќа и сестри,

 

Денеска нашата света Црква прославува две големи светила. Првиот е светиот апостол и евангелист Лука. Овој апостол не припаѓа во редот на дванаесетте апостоли, туку, тој е еден од седумдесетте апостоли. Но, неговото дело е големо, бидејќи тој го пишува третото Евангелие, како и Делата апостолски. Преку овие негови дела, го сее семето Христово во Црквата Негова.


Втор светител, кого посебно го чествува и слави Охридската црква, е св. Константин Кавасила. Овој Божји угодник потекнува од благородничко семејство. Семејство кое во историјата се прославило преку многу значајни личности кои допринеле во разни области, односно, поети, доктори, војсководци, архиереи и други. Бил роден во Драч. Добил солидно образование, а потоа станал епископ на Струмица. Има голема заслуга што ќе го развива и негува култот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Откако се истакнал како ревносен архиереј во Струмица, ќе биде унапреден во Митрополитско достоинство на поголемата архиерејска катедра во Драч. А оттаму, во средината на XIII век, ќе биде издигнат на архиепископскиот престол на древната и славна Охридска архиепископија.


Во Охрид ќе остави силни и забележителни влијанија кај својата паства, со тоа што, ќе го издигнува култот и почитта на св. Климент, Охридскиот патрон. Тоа ќе го прави како што го правеле и неговите претшественици Теофилакт и Хоматијан. Ќе напише и богослужбен канон во чест на св. Климент. Како што вели св. Јован Златоуст за светителите: „Не треба да започнуваме да им плетеме убави пофалби, туку, доволно е да ги поттикнеме луѓето да го следат нивниот живот, учејќи се од зборовите на големиот апостол на народите, апостолот Павле «Имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна» (Евр. 13, 7)". Светите отци велат: „Следете го нивниот живот и подржувајте ја нивната добродетел. Праведникот не треба да се фали, туку, да се поддржува".


Како непишано правило е: „Зашто кого Господ го сака, него и го кара" (Изр. Сол. 3, 12). Скоро и да нема Божји угодник кој не претрпел најразлични искушенија, маки и прогонства. Тоа го знаеме уште од Стариот завет. Само колку непријатности, странствувања и бегства претрпел Давид од Саул. Или, пак, какви страдања и каменувања ќе претрпи архиѓакон Стефан. Често пати Бог допушта разни искушенија, за да ја провери нашата вера во Него. Таков случај имаме со праведниот Јов, кој изгубил сè, но никогаш не похулил на Бога, туку, секогаш бил благодарен говорејќи: „Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено името Господово" (Јов 1, 21). Овој непишан закон не го одминал ниту апостолот и евангелист Лука, ниту, пак, св. Константин Кавасила. И двајцата свети мажи биле подложени на мака, затвори, измачувања и на страдања на правда. Св. Константин, поради дворските интриги на тогашното поделено Источно царство, ќе биде однесен во затвор во Солун, но овој светител, со кротост и смиреност, ќе ги поднесе сите понижувања и малтретирања, славејќи го името Божјо. Откако ќе биде ослободен и вратен на Охридската столица, царот, којшто му помогнал да биде ослободен, се надевал дека ќе биде поддржан за склучување на западната унија. Но, св. Константин, како висински пастир и столб на Охридската црква, јасно и гласно ќе проговори против унијатството и против неточното учење на Западната црква.


Како Охридски архиереј, ќе го заврши својот овоземен живот во втората половина на XIII век и достоинствено ќе биде испратен, од својата словесна паства, во вечното почивалиште во архиепископската гробница во црквата Св. Софија. Неговата светост и неговиот силен авторитет набргу по неговото скончание ќе бидат изобразени во фрескоживописот на охридските цркви. Најпрво во Канео, 1290 год, односно после 15 години од неговото упокоение а потоа, 1295 година во Перивлепта.


Да се обратиме со искрена молитва кон овој Божји угодник, кој го просветуваше и водеше охридскиот народ по патот Христов. Тој и нас да нè просветли и осветли, па да го исполниме законот Божји и сите искушенија достоинствено да ги носиме, а преку застапништвото и молитвите на Св. Климент и св. Константин Кавасила. Амин!

 

Св. Константин Кавасила
31. 10. 2016 год.
Храм „Св. Богородица Перивлепта" - Охрид

 

konkav2016 1konkav2016 2konkav2016 3konkav2016 4konkav2016 5konkav2016 6konkav2016 7konkav2016 8konkav2016 9konkav2016 10konkav2016 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5