„Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на преподобна Параскева).

 

На 27.10.2016 година, на денот кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева - света Петка, во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните и се обрати кон нив со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports brands | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Секој човек во својот живот избира идеал кон кој се стреми да го постигне. На голем број луѓе тој идеал им е богатството, и затоа, се трудат да соберат што повеќе пари и други материјални богатства. На некои тоа им се големите научници, па се трудат и тие во својот живот да ги научат и разберат многуте тајни на светот и на животот. Се трудат истите да ги откријат и да ги одгатнат многуте нејаснотии. На трети, тој идеал им е некоја спортска ѕвезда, која, се стремат да ја надминат. На други идеал им се пејачи, фолклористи итн.


Но, има и друга категорија луѓе. Луѓе, кои својот живот го устремиле кон грабеж, арамилак, проневери, убиства, насилства и слично. Со други зборови, се одлучиле да му служат на злото, на пакоста, односно, на нечестивиот.


Малкумина, пак, се оние кои за свој идеал го избрале одењето по Христа и служењето на Бога, на правдата, на вистината. Но, пред сè, тоа одење по Христа е за спасение на нивната боголика душа. Една од таквите личности е денешната светителка, чиј спомен светата Црква го чествува и прославува. Тоа е преподобната Параскева Петка. Оваа слугинка Божја, била родена во Епиват, во X век, во денешна Турција. Откако починале нејзините родители, таа го раздала имотот на сиромаси, сираци и на сите оние што имале потреба од помош. Еден временски период поминала во Ираклија, пустински предел во непосредна близина на Турција. Потоа, одлучила да го помине својот живот во Јорданската пустина, каде што се подвизувале св. Марија Египетска и преподобниот Зосим.


Мачеништвото е голема решителност и одданост на Христа, но, не се помали подвизите, измачувањата и страдањата, од љубов кон Бога, и на пустиножителите. Некои свети отци, страстите ги споредуваат со жар. Како што жарот го гори и пече телото, така и страстите ја горат и уништуваат душата на луѓето. Овие страсти, кои постојат во човековата природа, како што се, чревоугодието, телесните задоволства, блудот, самољубието и многу други, ги имала и преподобната Параскева Петка. Се поставува прашањето, како таа можела да ги победи сите овие огнени жарови? Одговорот, светата Црква ни го дава во нејзиниот тропар: „...Со испоснички подвизи, со постот и молитвите, и со солзните капки си го изгасила жарот на страстите...".


Треба да знаеме дека страстите се најголемиот непријател на родот човечки. Тие постојат, како што рековме, кај секој човек. Но, св. Петка ги победила овие страсти и постигнала духовно совршенство. Постот е првото средство преку кое се смируваат страстите. Ако го смириме телото, тогаш ја смируваме телесната похот и тогаш ние се ослободуваме од душманот на ропството на телото и духовно се издигнуваме. Така, телесно ослободени од похотта, ќе бидеме подготвени и расположени за молитва и богомислие. Ако ја постигнеме таа состојба, ние ќе ја спознаеме нашата гревовност и ќе видиме колку сме оддалечени од Бога. Кај нас ќе се јави искрено покајание. Покајание придружено со покајни солзи, коишто ќе ја измијат нашата духовна нечистотија. Тие солзи ќе нè измијат од сета нечистотија онака, како што водата ги пере и ги мие телесните нечистотии. Тоа е патот на духовното преродување.


Најнапред, треба да ги угасиме жаровите на страстите, а потоа, водени од постот и молитвата, ќе лееме солзи за нашите гревови. Токму овој пат, и овој принцип го изминала преподобната Параскева Петка. Затоа, била удостоена да има јавување на ангел Божји, кој при крајот на нејзиниот живот, ќе и се јави и ќе и каже дека треба да се врати во својот роден крај, и таму да ја предаде својата чиста и праведна душа во рацете на Бога. Таа го послушува ангелот Божји, се враќа во родниот Епиват и го завршува својот живот како странец, бидејќи никој повеќе не ја познавал.


Нејзините свети мошти ќе направат многу чуда поминувајќи низ многу балкански предели, а денес, нејзините мошти почиваат во катедралната црква „Св. Три Ерарси" во Јаш, Романија.


Да се обратиме со искрена молитва кон св. Параскева Петка. Со нејзините молитви и ние да ги угасиме нашите жаришта на страстите, па да можеме да одиме по патот Христов и да го наследиме царството небесно, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. Параскева Петка
27.10.2016 год.
Манастир „Св. Петка" – с. Велгошти, Охрид

 

petkovden2016 1petkovden2016 2petkovden2016 3petkovden2016 4petkovden2016 5petkovden2016 6petkovden2016 7petkovden2016 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5