„Вдахновената уста на пророците го воспеваше, о Цару, Твоето телесно пришествие, и Ти Го испрати Духот Кој произлегува од Отецот, Кој е несоздаден, законодавец, Кој го дели истиот престол со Тебе, за верните чест на единственото воплотување“ (песна од канонот на Утрена на света Педесетница).
Во Неделата на светата Педесетница, на 19.06.2016 година, кога го прославивме великиот празник на Црквата Христова - слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Ромео Петрески, Кирил Јованоски и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, а според типикот на православната Црква, веднаш беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани трите духовденски молитви, во кои се помоливме за простување на нашите гревови, како и на прегрешенијата на сите порано упокоени наши браќа и сестри во Христа. По завршувањето на богослужбата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а се направи и литија околу храмот.
Buy Kicks | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News





