„Не сметајќи ја за ништо привремената убавина, си поднел различни маки, радувајќи се, Георгие, со надеж во божествениот живот. Пренебрегнувајќи ги страшните измачувања, со цврста душа си говорел: Дела Господови, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).

 

Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжи и ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да земе учество во Воскресението Христово, треба да земе и учество во Неговиот Крст. 

Mysneakers | adidas Yeezy Boost 350

 

Во вечерните часови, река од народ повторно се собра да го прослави Маченикот Христов. Најпрво беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, протоерејот Никола Христоски, еромонахот Доситеј, свештениците Васко Голабоски и Миле Ангеловски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, се отслужи и парастос за сите порано упокоени ктитори, приложници и свештеници од Струга. На крајот, Митрополитот Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа. Најпосле, тргна и свечената литија низ прекрасната Струга, предводена од свештенството и монаштвото од нашата Епархија, а неизбројниот народ, кој се собрал од сета Македонија, Го фалеше и воспеваше Воскреснатиот Христос, а му пееше пофални песни и на великиот маченик Георгиј. Литијата беше збогатена и со звуците на Градскиот оркестар на град Скопје, а најмногу од сè, свечената Еордија, ја красеа прекрасните дечиња во народна носија, кои постојано извикуваа: Христос воскресе! Оваа година, чест да ги носат моштите имаа: Петре Русески, Стевчо Рафтоски, Христијан Ковачески и Мики Кукунешоски. 

 

Еордија2016 1Еордија2016 2Еордија2016 3Еордија2016 4Еордија2016 5Еордија2016 6Еордија2016 7Еордија2016 8еордија2016 1еордија2016 2еордија2016 3еордија2016 4еордија2016 5еордија2016 6еордија2016 7еордија2016 8еордија2016 9еордија2016 10еордија2016 11еордија2016 12еордија2016 13еордија2016 14еордија2016 15еордија2016 16еордија2016 17еордија2016 18еордија2016 19еордија2016 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5