„Господи, како што си излегол од запечатениот гроб, така си влегол и низ заклучените врати при Твоите ученици, покажувајќи им ги телесните страдања што си ги поднел, долготрпелив Спасителе. Како Давидов потомок си претрпел рани, а како Син Божји си го ослободил светот. Голема е Твојата милост, недостижен Спасителе, помилуј нè, и спаси нè“ (хвалитна стихира на Утрена на Светли Четврток).

 

На 05.05.2016 година, во Четвртокот од Светлата седмица, во манастирот „Св. Јован Богослов“ -Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

buy shoes | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Христос воскресе!

 

Драги браќа и сестри,

Христовото Воскресение е центар на нашата света Црква. Ние, секоја недела го прославуваме Христовото Воскресение. Темелејќи се на Воскресението Христово, Црквата го живее целокупниот свој живот. Воскресението Христово, како празник, го определува целиот неделен круг на празници и сè останато во Црквата. Ниеден празник, ниту Рождеството Христово, ниту Крштението Христово, ниту Распетието, туку, Воскресението Христово е центарот и сржта на Црквата. „Ако Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера" – вели св. ап. Павле (1. Кор. 15, 14). Со други зборови, напразно се нашите трудови, нашите надежи, бидејќи човекот ќе остане роб на смртта.


Воскресението нè ослободува од смртта. Но, се поставува прашањето, што значи тоа за нас во практичниот живот? Ние веруваме и велиме: „Преку крстот дојде радоста на светот" (Молитва: Откако го видовме Христовото Воскресение). Гледајќи го, пак, Воскресението Христово, Му се поклонуваме на Самиот Господ Исус Христос. Му се поклонуваме „како на единствен безгрешен". Но, што означува за нас Неговото Воскресение и што менува во нашиот секојдневен живот? На овие прашања, многу јасно и гласно ни одговара апостолот на народите, светиот апостол Павле: „Така и ние одиме во обновен живот" (Рим. 6, 4). Оваа мисла и оваа вера ние ја искажуваме и ја пееме во Велигденскиот канон: Нов живот засветли од гробот. Ние, како деца на Црквата, должни сме да го живееме тој нов живот во Христа. Но, не можеме да живееме така, бидејќи, робови сме на смртта и на гнилежноста.


Нашиот живот, не може да биде живот поробен и живот зафатен од адот. Неспорно, сите ние во нашиот живот преживуваме многу тешкотии, многу таги и болки и разни други борби. Не е возможно да се избегне таа чаша на страдањата, независно што и да правиме. Но, главната причина се наоѓа во тоа, каква полза ќе извлечеме од тоа и како од истото ќе излеземе. Дали ќе бидеме посрамени или, пак, прославени? Ние, како христијани и луѓе кои живееме во Црквата, се молиме, пееме, читаме, но, често пати, не ја чувствуваме пасхалната радост. Не ја чувствуваме, затоа што не сме се ослободиле од приврзаноста кон овој свет. Сè уште сме премногу приврзани кон него и нè интересираат само човечките работи. Не сме се издигнале над тие секојдневни обврски и работи и не сме го сфатиле духот на христијанскиот поглед кој вели: „Ние тука немаме постојано живеалиште, туку го бараме идното" (Евр. 13, 14). Само кога ќе се ослободиме од овој свет, тогаш ќе можеме да влеземе во радоста Божја. Господ Исус Христос вели: „Вашата радост никој не може да ви ја земе" (Јн. 16, 22). Тоа не е радост што ја дава овој свет, туку Христос.


Нашиот Спасител Господ Исус Христос ни дава можност да бидеме царски синови. А ние, како блудниот син одиме да пасеме свињи. Христос нè повикува на царска гозба, а ние не се одѕиваме на поканата јадејќи корења. Тоа ни го нуди нашата света Црква. Поканети сме да живееме во Христовиот дворец и да постанеме членови на царското семејство. Но, гревот нè попречува и нè прави робови. Постапките нè прават нечесни. Не ги кршиме синџирите на оковите за да се ослободиме и да кажеме дека не сакаме да бидеме робови. Ние не сакаме да живееме во слободата Божја која ќе го направи нашиот живот радосен и во овој свет. Воскресението Христово му дава смисла на нашиот живот. Благодарение на Воскресението можеме да разбереме сè што се случува околу нас и со нас. Тоа ни дава можност да бидеме потолерантни, потрпеливи, и кон луѓето кои нè опкружуваат и бремето еден на друг да го носиме (Гал. 6, 2).


Христос ги отвори адските порти. Ги скрши оковите што нè врзуваа и нè ослободи од гревот. Гревот е тоа што нè држи како робови во овој свет. Ние не сме тие што го презираат овој свет. Ние се ползуваме со него како што вели св. ап. Павле: „Се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат" (1. Кор. 7, 31). Ние ги ползуваме убавините, радостите и сите благосостојби кои ни се потребни за нашето живеење во овој материјален свет. Но, Христовото Воскресение ни дава сила и нè повикува да не бидеме премногу и единствено приковани за вредностите на овој свет, туку, да се трудиме, со нашиот живот, со нашите постапки и дела да градиме вечен живот во царството небесно. Тоа, пак, царство, не е ниту јадење, ни пиење, туку радост Божја.

Христос воскресе!

 

Светли четврток
05.05.2016 год
Храм „Св. Јован Богослов" – Канео, Охрид

 

svcetvr2016svcetvr2016 1svcetvr2016 2svcetvr2016 3svcetvr2016 4svcetvr2016 5svcetvr2016 6svcetvr2016 7svcetvr2016 8svcetvr2016 9svcetvr2016 10svcetvr2016 11svcetvr2016 12svcetvr2016 13svcetvr2016 14svcetvr2016 15

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5