„Отче Клименте, хранет со млекото на доблеста, си го достигнал врвот на добродетелите. Горен, пак, од огнот на љубовта, ти си бил правило на кроткост и воздржување; а како извор н милост и бездна на сострадание, си ја оцрнил калта на страстите. Но, како најбрза помош и скоро застапништво на оние што верно те призиваат, мирољубив отче Клименте, јави се и сега со духот, и запази нè, и спаси нè од гревот што нè мачи, зашто имаш голема смелост пред Господа“ (стихира на Слава... на Голема вечерна на свети Климент Охридски Чудотворец).
На 09.08.2014 година го прославивме свештениот спомен на патронот и учителот на цела Македонија, наследникот на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. За заслугата на овој наш просветител зборува историјата, но зборува и реката верен народ, кој непрестајно и секојдневно доаѓа да се поклони на светителот. Особена почит, пак, му оддаваме во овие денови, посветени на него, кога и кивотот со неговите мошти е отворен, а преку нивното целивање, бараме прошка на гревовите, но и телесно и душевно здравје, а, се разбира, и спасение на нашите души.





